Опозицискиот лидер Зоран Заев продолжува дрско да ја лаже јавноста. Откако беа разоткриени неговите лаги за наводна средба со италијанскиот амабсадор Карло Ромео, Заев продолжува да ја потценува интелигенцијата на граѓаните и да нижи нови лаги без срам.Случајот „Поткуп“ завчера беше одложен по 6-ти пат, а причина за тоа беше наводна средба на Заев со италијанскиот амбасадор во земјава, Kарло Ромео. Сепак. Евтината лага на Заев ја разобличи лично италијанскиот амбасадор, кој демантираше дека имал средба со Заев. Ромео на Твитер напиша дека немал средба со никого и секоја различна информација е целосно неточна.
Откако ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска соопшти дека Заев го лажел судот „без око да му трепне“ само за уште еднаш да одложи рочиште и да го развлече предметот за поткуп што го барал од струмички бизнисмен, посочувајќи дека претседателот на СДСМ под целосна морална и материјална одговорност, на судски записник го излажал судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор Ромео, со реакција се јави СДСМ која само ја потврди измамамата во која е фатен Заев.
Од СДСМ велат дека го информирале Судот за средба на Заев со претставник на италијанската амбасада, односно на средбата бил присутен конзулот на амбасадата. Сепак, не беше објавена никаква фотографија од средбата, по што се поставува прашањето дали и оваа средба навистина се случила, или Заев повторно лаже.
За хроничен лажго како Заев, очигледно е небитно кого ќе вмеша во лагата, дали тоа е обичен граѓанин, амбасадор или конзул. Заев веќе не бира ни зборови, ни средства да ја спаси својата политичка кариера по поразот на изборите и наместо да поднесе оставка како што најави, тој со бескруполозни лаги продолжува да ја замајува јавноста.Случајот „Поткуп“ завчера беше одложен по 6-ти пат, а причина за тоа беше наводна средба на Заев со италијанскиот амбасадор во земјава,
Пронајдете не на следниве мрежи: