Заев не успеа да ја продлабочи кризата со заканите за убиства и рекет на криминалците под негова контрола

Неколку часа откако јавноста дозна за заканите за убиства и рекет кои ги праќаше „подземјето“ блиско до СДСМ преку фејсбук, истите ги снема од социјалните мрежи, пишува порталот Журнал.нет.Профилот на Перла Трајковска од кој пишуваше Даниел Трајковски – Близнак е деактивиран, а заканите за физичка ликвидација и рекетирање кои ги упатуваше овој близок соработник на Заев кон бизнисменот Орце Камчев и поранешниот шеф на ДБК Сашо Мијалков исчезнаа од најголемата социјална мрежа.
 

„Еден метак кошта 2 евра, а за тоа немаш одбрана со кум ти“ – ова до синоќа стоеше на профилот на фејсбук кој Даниел Трајковски го именувал по своето куче Перла и од кој членот и функционер на СДСМ се закануваше по живот кон луѓето на „црната листа“ на Заев и СДСМ.
 

-Даниел е брат-близнак на Дејан Трајковски, со кој заеднички во своите полициски досиеја имаат 21 кривична пријава. Дејан Трајковски е и осудуван на казна затвор во траење од 5 години и 2 месеци. Меѓу делата кои им се ставале на товар се напад на службено лице, криумчарење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, напад со орудие опасно по живот при тепачка, учество во толпа, фалсификување на исправа, употреба на лажни податоци, давање на лажен исказ и загрозување на општа безбедност, пишува порталот.
 
„Близнаците од Ѓорче“ се познати по својата агресивност и тероризирање на недолжни граѓани, а Дејан Трајковски во моментов е во бегство и полицијата го бара за убиство во обид.

Ваквата криминална позадина на браќата Трајковски била идеална за да се зближат со Зоран Заев, аболициран криминалец за криминал тежок 8 милиони евра, Петре Шилегов на кого близнаците му биле и лични шофери и обезбедувачи и Оливер Спасовски, пишува порталот.
 

На собирите на СДСМ близнаците од Ѓорче се често гледани во најблискиот круг на раководството на СДСМ. Дека се членови и функционери не потврдуваат само фотографиите и изјавите за „верност до смрт“ на Заев и СДСМ, туку тоа го потврдува и партискиот адвокат Мирослав Вујиќ.

-Што бараат вакви докажани криминалци и убијци во обид во најблиското опкружување на Заев, Шилегов и Спасовски и не е тешко да се претпостави. Заев и СДСМ многу често во минатиот период покажаа дека соработката со криминалците за да дојдат на власт без избори им е омилениот начин на дејствување. Соработникот на Заев Захир Бекири – Чауш имаше фабрика за фалсификување лични документи кои беа користени за фабрикување афери од медиумите под контрола на СДСМ, пишува порталот.
 
Кај Чауш се наоѓаа и 70.000 разговори со кои уште еден криминалец и близок соработник на Заев, Зоран Верушевски, размислуваше и на граѓанска војна. Самиот Заев се закануваше со украински сценарија како резултат на протестите организирани од СДСМ на кои се појавуваа бројни луѓе со богато полициско досие, агресивни криминалци кои често тепаа недолжни граѓани, вандализираа споменици и кршеа државен имот нанесувајќи штета од стотици илјади евра.
Откако сите претходни обиди за насилно доаѓање на власт на Заев и СДСМ пропаднаа, а на неизбежните избори поразот за СДСМ е и повеќе од извесен, Заев се чини дека потполно го изгубил тлото под нозете и им заповедал на своите криминогени пајташи да се закануваат со физички ликвидации и рекет.
 
-Притоа, Даниел Трајковски – Близнак на својот веќе избришан фејсбук профил пишуваше дека за сето ова и тој и Заев биле обучувани и поддржувани од американската амбасада, која близнакот од Ѓорче ја ословува со „газдите на светот“. Оваа реторика на Даниел Трајковски неодоливо потсетува на еден од авторите на обидот за пуч во Македонија, Зоран Верушевски, кој под закрила на „чадорот“ зборуваше за можен граѓански конфликт во земјата. Близнакот од Ѓорче во една од своите тиради на фејсбук се фали и со тоа дека позади него стоеле сериозни структури: „Не знаете кој сум и за кого работам“, пишува порталот.
 
Откако фабриките на Чауш не можеа повеќе да продолжат со бесмислените лаги за т.н. „фантомски гласачи“ и за медиумите кои за СДСМ беа дежурни виновници за изборните порази, Заев во очај посегна по своите колеги криминалци кои преку јавни закани за ликвидација и рекет под закрила на „газдите на светот“ ќе ја одложат неговата лична политичка смрт која е очекувана после поразот на СДСМ на наредните избори.
Нецели 24 часа после жестоките „храбри“ закани, истите исчезнаа од најголемата социјална мрежа. Обидот на Заев засега пропадна. Која ќе е наредната нарачка од криминалната кујна на СДСМ која единствено се занимава со деструкција и продлабочување на кризата во Македонија, останува да видиме во периодот кој следи, пишува порталот.Профилот на Перла Трајковска од кој пишуваше Даниел Трајковски – Близнак е деактивиран, а заканите за физичка ликвидација и рекетирање кои ги

Пронајдете не на следниве мрежи: