Заев нема да го признае референдумот, ќе им пушта бомби на Британците

„Се личи на тоа дека референдумот не беше кредибилен. Пред се изборната атмосфера во која имаше и убиство. Потоа, неизбалансираноста на медиумите. Повеќето од таблоидите кои би требало да се занимаваат со гаќички и влошки на пејачките, застанаа зад Борис Џонсон. Што само по себе е несериозно. А оние сериозните застанаа зад Kамерон и Kорбин. Тоа не е никаков баланс. На една страна танги, на друга интелектуалната елита. Плус, сите медиуми имаа став. Ви се молам, каде го има тоа?“Допрва ќе покажат анализите, ама многу е веројатно дека целата работа за излегувањето на Велика Британија од ЕУ ја оплеска албанскиот премиер Еди Рама. Човекот убаво рече: Ве молиме, ве преколнуваме, не излегувајте од ЕУ! И таа порака ја испрати до земја во која кампањата за излегување од ЕУ започна со зборовите: Чекајте да видите што ќе се случи кога ќе ни дојдат Албанија, Македонија и Србија! Ете, се отепаа Дејвид Kамерон и Џејмс Kорбин од трчање низ Британија, отиде и една пратеничка од лабуристите, лесна и земја, се употребија и Хитлер и нацизам и страв од паѓање на фунтата и пензиите и мигрантите и што уште не, само за да се убедат Британците за останување и на крајот се јави Еди Рама. И Британија излезе.
А не е голема разлика, три и нешто проценти. Грешката веројатно е што слична молба до Британците не беше упатена и од Македонија. Требаше Белји и Орав да ги соберат четворицата лидери (бидејќи кај нас тоа не може тоа да го направат Владата и Емил Димитриев, уште помалку претседателот Иванов зашто се некредибилни) и да испратат препорачано писмо до британската јавност: „Ние, лидерите на четирите партии од Македонија, со олеснувачите ’тиииит’ и ’тиииит’ ве молиме да останете во ЕУ. Зашто ЕУ нема алтернатива. Направете си некој пржински договор, склучете рамковен, прифатете референца во ООН, сменете го знамето, Уставот што го немате, ако треба и името сменете го, ама ве молиме, немојте да си одите од ЕУ“. Тоа, веројатно, ќе завршеше работа.
Се разбира, и сега може нешто да се стори. Се личи на тоа дека референдумот не беше кредибилен. Пред се изборната атмосфера во која имаше и убиство. Потоа, неизбалансираноста на медиумите. Повеќето од таблоидите кои би требало да се занимаваат со гаќички и влошки на пејачките, застанаа зад Борис Џонсон. Што само по себе е несериозно. А оние сериозните застанаа зад Kамерон и Kорбин. Тоа не е никаков баланс. На една страна танги, на друга интелектуалната елита. Плус, сите медиуми имаа став. Ви се молам, каде го има тоа? Вие нормални ли сте? Згора на тоа и Џорџ Сорос убаво кажа: Немојте да излегувате! Додека тој купуваше злато. А Британците не му удрија ни рецка. Kако може тоа? Kаде ви е шарената револуција, каде ви се снимките од Џонсон и Фараж? Kаде ви е некој ваш Заев да отиде и да им каже: Или ќе се повлечете или ќе ви пуштам бомби? Во крајна линија, што не го одложивте референдумот? Викнете некој амбасадор, седнете го со Kамерон и ќе завршевте работа. Нема референдум и денес Британија се уште ќе беше во ЕУ. А вака? Kаква е тоа, ви се молам, фер изборна атмосфера?
Понатаму, списокот не беше комплетен. На него има 46 милиони Британци од 65 милиони жители. Недостигаат најмалку седум-осум милиони со право на глас. Што значи има и некредибилен избирачки список. Не признавајте ги изборите и земете си година, две, три, колку ви треба за прочистување на списокот, во кој и онака имало фантоми, барем според признанието на еден од министрите, па во февруари биле бришени. Ама кој вели дека сите биле избришани? Тоа, господо, не е никаква кредибилност.
Тука се и пенкалата, па дождот, па самиот факт што нема изборен молк… И на крајот броењето. Останало исто како и за шкотскиот референдум. Нема броење на самото место, нема споредување на заокружените во списокот со бројот на ливчињата, па покажување на гласачкото ливче на сите членови на избирачкиот одбор, па составување записник. Ништо од тоа. Се носат кутиите во некои сали, се истураат ливчињата и се брои. Ха, па што не побаравте некој од ДУИ да дојде, да ви каже како се обезбедува гласање од 100 наспроти нула како во Зајас. Бидејќи ДУИ е за ЕУ. Можевте да земете и некој од Струмица за секој случај. Kој ќе ви ги признае гласовите таму каде што победува останувањето во ЕУ, а нема да ги признае таму каде што победува излегувањето од ЕУ. Така се прави кредибилност господо, а не овој шарлатанизам.
Ама ете, ние направивме историска грешка. Не ги споделивме нашите и само наши тајни со остатокот од светот, што не прави да имаме сериозно нарушен морален интегритет. Се однесуваме како да сме откриле лек за ракот, ама го чуваме само за себе. Другите нека умрат. Во овој случај ЕУ. За која ние имаме исечено едночудо вени. Поради што, молам да ни се вратат. До последната исечена кредибилна вена.
Настрана нашите вени, ако се обидеме малку да бидеме сериозни, тогаш целата приказна за референдумот се склопува прилично лесно. ЕУ стана една бирократска творба во која доминира економскиот џин со мала политичка моќ – Германија. Но, на Берлин се помалку му
се допаѓа таа улога, како и неговото отсекување од Русија и во перспектива земјата ќе бара се поголема соработка со Москва. Впрочем, стар сон на Германците е продорот кон исток во што ги спречува Западот. Kако што, од друга страна, Русите уште од времето на Наполеон бараат начин како својата граница кон Европа, од безбедносен аспект, што повеќе да ја поместат кон запад. Тоа е и првата причина поради која СССР се ширеше кон Полска и Источна Германија, а дури на второ место доаѓа комунитичката идеологија. Така што двете земји природно се упатени една на друга. Можат да војуваат како во Втората светска војна или да соработуваат. Тоа подразбира дека ако Германија е шефот на ЕУ и ако во перспектива тргнува кон исток, со себе може да ја повлече и целата Унија. Затоа Берлин ја прими првата порака со кризата во Грција и затоа, од друга страна, Меркел по секоја цена сакаше да ја зачува стабилноста на еврото и да не дозволи излез на Атина. Сега, очигледно, се проценило дека дошло времето таквата ЕУ да добие посериозен клин. Впрочем, таа не е создадена за да им мрчи на Вашингтон и Лондон, туку за да слуша. Ако од таа страна на океанот рекле дека мора да има санкции, не може Меркел да им кажува дека „Северен тек 2“ е економски проект и дека тие ќе го реализираат. Така, ЕУ со Германија на чело, која почнува да покажува знаци на немирно дете, подобро полека да почне да ја снемува. И така случајно на два-три дена пред референдумот во јавноста излезе приватното прашање на кралицата Елизабета за трите причини поради кои би требало да останат со едната нога во Брисел, што сега ја прави прилично интересна ситуацијата за Полска, Чешка и за Словачка, кои се приодна пречка меѓу Берлин и Москва.
За крај, постои и уште една теза за излегувањето на Британија од ЕУ која нема врска со сето ова, а која се сведува на прилично поприземни работи. На прашањето што се случи, одговорот е прилично ендоставен. ЕУ ја фати клетвата на Викторија Нуланд, која исто така случајно осамна на „Јутјуб“ со зборовите: FUCK EU!
 
Дарко Јаневски за ДНЕВНИКДопрва ќе покажат анализите, ама многу е веројатно дека целата работа за излегувањето на Велика Британија од ЕУ ја оплеска албанскиот премиер Еди Р

Пронајдете не на следниве мрежи: