Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва гостуваше во Топ Тема на Телма телевизија каде најави украинско сценарио во Македонија.Ова е само уште еден крик на немоќ и очај од страна на Заев, кој со одлуката на Иванов, по онаа на Црвенковски, по втор пат е аболициран за криминал.
Водителот го праша опозицискиот лидер дали со одлуката, претседателот поставил темели за украинско сценарио, на што Заев одговори:
-Па може така да се каже, постави сериозни темели и за украинско сценарио во Македонија.
На едно вакво крваво сценарио повика и неговиот соработник Зоран Верушевски, кој беше првоосомничен во случајот „Пуч“, во кои за тешко дело се теретеше и Заев.
Скајп комуникацијата меѓу Верушевски, како и неговиот соработник Ѓорѓи Лазаревски,откри какво црно сценарио планираат.
Во скајп комуникацијата помеѓу нив двајца, тие прогнозираа дека во Македонија ќе дојде до граѓанска војна, но благодарени на чадорот тие ќе останеле заштитени. „Оркестар 11“ и „кока кола 10а“ биле псевдонимите што ги користеле во разговорот преку Скајп, првоосомничениот Верушевски и петтосомничениот, поранешниот оперативец во УБК, Ѓорги Лазаревски.
Верушевски го користел псевдонимот „оркестар 11“, а скајпот го водел на име „Златко Велевски“, Лазаревски пак бил „кока кола10а“, а скајпот бил на име „кока кола“. Според информациите од истрагата кои се појавија во медиумите, Верушевски, преку Лазаревски го врбувал инженерот од УБК Звонко Костовски шестоосомничениот во „Пуч“ да шпионира и неовластено прислушува за странски служби како што првично било договорено, според признанието на Костовски.
Во комуникацијата на „оркестар 11“ и „кока кола 10а“, во поголем број пораки се спомнува „чадор“ што според истрагата се смета дека тоа е терминот со кој двајцата осомничени ја именуваат странската служба.
Со слични ставови за граѓанска војна и крв по улици изминатиов период излегоа и низа соросови платеници на фунција во СДСМ, а сега ангажирани во МВР. Токму Едмонд Адеми во статус објавен на Фејсбук пред повеќе од една година повикуваше на пролевање на крв по улиците.
Поддржувачите, соработниците, членовите и пред се лидерот на СДСМ повикуваат на крв низ улиците и украинско сценарио.Ова е само уште еден крик на немоќ и очај од страна на Заев, кој со одлуката на Иванов, по онаа на Црвенковски, по втор пат е аболициран за кримина