Со одбивањето на предавање на материјалите СДСМ и Зоран Заев очигледно е дека ги кршат законите. СДСМ не го почитува ниту договорот од Пржино, ниту Законот за Специјалното јавно обвинителство.Рокот помина, а СДСМ остана глув на барањето материјалите од нелегално стекнатите материјали да бидат доставени до Катица Јанева.
Заев со самото одбивање да ги предаде материјалите директно го крши законот по повеќе основи, но и го повредува Пржинскиот договор на кој јавно се обврза. Тој најмалку четири пати јавно изјавуваше дека согласно роковите веднаш ќе и ги предаде материјалите на Катица Јанева со што уште еднаш докажа дека не си стои на зборот.
Но тој има и законска обврска да го направи тоа, согласно постоечките и претходно важечки закони, но и според законот за заштита на приватноста. Членот 2 е јасен дека „Секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникации согласно член 1 од овој закон е должен во рок од 20 дена од денот на влегување во сила на овој закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител, согласно закон.“
Роковите за тоа одамна поминаа, особено што законот стапи во сила во ноември и се активираше оваа одредба од законот.
Овие законски нормативи го обврзуваат и техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да дејствува. Тој има должност како министер да дејствува и да го спроведе законот обезбедувајќи ги материјалите. Изговорот за непредавањето е Катица Јанева која според СДСМ немала услови за чување на предметите.
Овој аргумент е неиздржан бидејќи Јанева од обвинителството досега доби над 30 сериозни предмети, како случајот Пуч кој е комплексен случај во кој се обвините Заев, Верушевски, Палифров, и други, случајот со донацијата од израелската влада и други сериозни случаи, така да се поставува отворената дилема како Јанева ги чува овие случаи, а не може да ги чува материјалите на Заев, и дополнителната дилема како може штабот на СДСМ да е поголема гаранција за безбедноста за материјалите од специјалното обвинителство.
За сето ова Катица Јанева молчи и дозволува во нејзино име да говори СДСМ, да поставува барања и нергументирани услови. Повеќе од јасно е дека Јанева игра по нотите диктирани од СДСМ. Доколку безбедноста на тие материјали е во прашање, повторно е повикан Спасовски кој преку министерството треба да обезбеди истите.
Експертите сметаат дека Јанева има надлежност да побара асистенција од МВР доколку СДСМ не и ги предаде материјалите.
-Не само што е кршење на договорот од Пржино, тоа е суштината зошто беше направено тоа Специјално обвинителство, зошто Катица Јанева беше избрана. Да потсетам тоа е Специјално обвинителство кое треба да ги испита нелегално стекнатите разговори. Сите чекаме да СДСМ се одважи и да ги достави 600.000 разговори, така беа најавени, од 20.000 граѓани кои биле прислушувани. Инаку, сето ова останато е дека селото гори, а Катица се чешла. Во нејзина надлежност е, не само што ќе ги побара, ако тие не и бидат доставени, да побара асистенција од МВР па тогаш нејзините овластени лица да појдат во штабот на СДСМ, во домот на Заев или каде и да се наоѓаат тие разговори и да ги однесат во Специјалното обвинителство, вели аналитичарот Александар Пандов за Сител.
Експертите сметаат дека одбивањето на Заев за предавање на материјалите, не спроведувањето на законот од страна на Спасовски и Јанева како параван на СДСМ и Заев за оправдување е шемата по која се однесува СДСМ.Рокот помина, а СДСМ остана глув на барањето материјалите од нелегално стекнатите материјали да бидат доставени до Катица Јанева.
Заев со с