Заев околу себе ги собира сите негатори на македонските национални интереси

Опозицицискиот лидер Зоран Заев ги собира околу себе сите негатори на македонските национални интереси. Таканареченото „Здружение за Македонско-Бугарско пријателство“ денеска му даде поддршка на Заев преку соопштение во кое се вели дека оваа одлука била донесена викендов на работниот состанок на раководството на Здружението одржан во Прилеп.-СДСМ добива поддршка од Косово, доби поддршка од српскиот Вранишковски, еве добива поддршка и од бугарскиот исток… Кај да е и Златна Зора од Грција ќе ги поддржи…, напиша на својот ФБ профил пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Соработката на Заев со оние кои отворено ги негираат македонските национални интереси не е ншто ново кога лидерот на СДСМ е во прашање. Јавноста ги памети пораките кои Заев му ги испраќаше на лидерот на ДПА Мендух Тачи, кога се обидуваше да го наговори за соработка, притоа не водејќи сметка за македонските интереси.
-Претседателе, со Сади Беџети имаме одлична соработка Нашите во Тетово целосно се задоволни од соработката со Сади и покрај насоки да го поддржат во вториот круг тие и природно сакаат Сади да победи. Ве молам, да се слушнеме. Моите дадени насоки и препораки се да воспоставиме добра соработка само со вас. Перспективите во регионот се воспоставување соработка со тројката која ќе има големи поддршки во иднина а тоа сте вие, Харадинај и Бериша. Затоа, ме подготвуваат и повисоките надвор од Македонија (….) Ве молам да поразговараме Зоран Заев , стоеше во пораката на Заев до Тачи.

Кога антимакедонската политика е во прашање, Радмила Шекеринска со години одржуваше контакт со уште еден Грк кој работи против Македонија. Таа контактираше со поранешниот премиер на Грција, Јоргос Папандреу. Во 2011-та оствари дирекна средба со него.
По средбата, според анализата која познавачите ја дадоа тогаш, не беше лобирано за напредок на Македонија во евроатланскоиот пат. Напротив, истата била искористена, Јоргос Папандреу да биде брифиран за состојбите во Македонија што потоа го искористи за понатаму да поставува пречки на Македонија во евроинтеграциите. Радмила Шекеринска ваква иста средба со Јоргос Папандреу оствари во Солун во 2012-та година.

Во јавноста вчера излегоа информации и дека Мухамед Зекири, висок функционер во опозициската СДСМ, деновиве престојувал на Косово каде се сретнал со лица од криминалното подземје на Косово, а кои поради нивните криминални и насилни активности и се познати и на македонската јавност.
Во Генерал Јанковиќ Зекири имал средба со косовските државјани Халил Љури, Самиај Ремзи- Мија, Вила Бурим, Шити Нусрет и Шити Емин, сите со дебели криминални досиеја, припадници на криминални екстремни и терористички групации, предизвикувачи на изборни инциденти во повеќе изборни циклуси во Македонија.
Се поставува прашањето, дали средбата на новопечениот висок функционер на СДСМ е во функција на ангажирање на овие криминалци и насилници од опозициската партија во предизборниот период за притисоци и заплашување на албанскиот електорат или нивно ангажирање за предизвикување посериозни инциденти од типот на кумановско Диво насеље, со цел дестабилизација и евентуално одложување на изборите од кои СДСМ сака по секоја цена да избега?
Дали токму ваквите задачи се причината зошто Зекири влезе во СДСМ, наместо во Беса, партнерите на СДСМ, кои му се идеолошки поблиски? Дали Зекири го информирал генералниот секретар на СДСМ при посетата во МВР за средбата со овие лица од криминалното косовско подземје?
Од друга страна, и покрај острите реакции од домашната јавност, но и од дијаспората за идејата на Заев за воведување на двојазичност на целата територија, неговите медиумски перјаници и мегафони проодлжуваат отворено да ја застапуваат ваквата антимакедонска политика.

-СДСМ добива поддршка од Косово, доби поддршка од српскиот Вранишковски, еве добива поддршка и од бугарскиот исток… Кај да е и Златна Зора о

Пронајдете не на следниве мрежи: