Грешка се направи со она кокетирање на лидерот на СДСМ, а сето тоа го слушавме во живо тоа не е нешто што не сме го интерпретирале добро. Зборуваше во Косово и во Германија и кај нас, вели Солза Грчева во гостувањето на ТВ 21.Тој отворено зборуваше за двојазичност на цела држава, вели таа.
-Зборуваше за проширување на опсегот кој што е даден за употреба на јазикот во самиот Устав. Не можам никако да се сложам со оние експерименти и изјави кои што требаше така наивно да ги проголтаме сите ние, дека се работи за една наива работа дека бабичката во Струмица ќе зборува и да може да комуницира со државните органи. Не. Апсолутно не. Тој ја отвори пандорината кутија и сега наеднаш правиме салто мортале и одиме во етнички корпус на прашања кој што е опасен. Да не се занесуваме, не постојат зборови да ги покријат оние, по мене неодговорни, изјави и ветувања пред изборите. тие ги отворија апетитите на водствата на албанските партии, вели Грчева.
Додава и дека набргу сите ќе посакаат да има нови избори затоа што ќе влеземе во една ситуација која што нема да е одржлива.Тој отворено зборуваше за двојазичност на цела држава, вели таа.
-Зборуваше за проширување на опсегот кој што е даден за употреба на јазико