Заев пак има намера да ја издаде Македонија- сака да се откаже од името на земјата, само за да влезе во НАТО

Премиерот на Македонија Зоран Заев изјави дека е спремен земјата да влезе во НАТО под називот Поранешна Југословенска Република Македонија, на што инсистира Грција, како би ја забрзал интеграцијата на државата во ЕУ, пишува српски Информер.-Постојат два начини, или решение на проблемот, или под привремената референца да влеземе во НАТО, а да предложиме преговори со Грција, поради проблемите кои Грција ги има со нашето уставно име, за интеграцијата во ЕУ. Тие знаат дека за нас постои подеднакво тежнеење кон ЕУ, изјави Заев во интерјву за МРТ.
Македонија се придружи на т.н. акционен план за примрема за членство во НАТО во 2009 година, пишува во текстот.
Минатата среда, премиерот на Грција Алексис Ципрас му честиташе на Заев на стапувањето на должноста и го потврди ставот на Грција околу името Македонија.
Денеска шефот на македонската влада соопшти дека очекува во наредните месеци посета на Скопје на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кои ги отвара вратите на државата за полноправно членство во Северноатлантската алијанса.
Северноатлантската алијанса планира до пролет 2018 година да ја прими Македонија во својот состав, кажал за Спутник њус извор запознат со преговорите околу стапувањето на нашата држава кон НАТО.
-Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг планира во средината на јули да го посети Скопје и да разговара за тоа. Целнта на НАТО е до пролет 2018 годинам земјата да биде примена во Алијансата, кажал соговорникот за Спутник.
Според неговите зборови, на тоа активно работи и САД.
-Вчера амбасадорот на САД во Скопје, се состана со министерот за одбрана на Македонија и исто така разговараше за тоа. Вашингтон го повикува Скопје да тргне кон отстапки, а судејќи по се, тие се спремни на тоа, вели изворот.
 -Постојат два начини, или решение на проблемот, или под привремената референца да влеземе во НАТО, а да предложиме преговори со Грција, поради проб

Пронајдете не на следниве мрежи: