Заев планира двојазичноста да ја протне како закон со ЕУ „знаменце”

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по преговорите во ДУИ планира законите за двојазичност на парите и казните за неупотреба на албанскиот јазик да ги протне како закон со европско знаменце. Портпаролот на ДУИ Бујар Османи за оваа тема говореше во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М каде истакна повеќе детали од преговорите меѓу двете партии.Османи вели дека со СДСМ било разговарано и на кој начин ќе се спроведе законот, па така не се исклучува можноста истиот да биде донесен како европски закон, со „ѕвездичка“, што како што вели Османи при носењето го олеснува процесот.
-Да бидам искрен има две варијанти кои ги разгледуваме. Има варијанта која за да се усвои или да се стави веднаш во Парламентот по формирањето на владата. Тука има олеснување бидејќи на тој начин се става во законите, кои се усвојуваат и се со „ѕвезда“ или кои се во процес на интеграција во ЕУ и тие закони имаат 10-дневни ограничувања за одобрување. Ова е една варијанта за олеснување на усвојување на законот, истакнува Османи.
Ваквото спроведување и донесување на законите би се направило шверцерски и срамно на мала врата далеку од очите на јавноста, а со тоа и ќе се обидат да ја редефинираат Македонија исто како што правеше Заев за време на преговорите.
Европскиот закон со „ѕвездичка“ за кои зборува Османи не се хармонизира со никаква европска одредба, а дополнително е спорно и укажува на задните намери на СДСМ.
За потсетување, законот во 2008-та кога е донесен не минувал низ процедурите како закон со ЕУ „знаменце“.Османи вели дека со СДСМ било разговарано и на кој начин ќе се спроведе законот, па така не се исклучува можноста истиот да биде донесен како

Пронајдете не на следниве мрежи: