Заев ги убедувал членовите на Централниот одбор и коалиционите партнери, со помош на специјалната обвинителка Катица Јанева да се одложат изборите.Според извори од СДСМ, на партискиот состанок одржан од лидерот Зоран Заев, присуствувале сите коалициони партнери, кои за првпат присуствувале на ваков состанок со Централниот одбор.
Неговиот план, велат изворите, бил со конструкции и пријави во координација со Јанева да создадат ситуација која би била погодна за одложување на изборите.
Изворите од опозициската партија пренесуваат дека најголем дел од членовите на ЦО се чуделе на овој чин, но поради видната нервоза и агресивност на партискиот лидер, молчеле од страв.
Тоа потврдува дека истите се свесни за фактот дека специјалната обвинителка Јанева нема никаква врска со можноста за одложување на изборите и дека што и да прави таа, нема да се одрази ни на резултатот, ни на датумот на избори.
Како што велат изворите, најголемиот дел од членовите на ЦО на СДСМ на Заев гледале како на очајник кој се обидува да ги храбри и да си создаде алиби за потезите кои го доведоа СДСМ до ситуација како пред катастрофалниот пораз во 2014 година.
Исто така, тие велат дека секоја дискусија на лојалистите на Заев, кои биле задолжени да ги правдаат деструктивните постапки на нивниот лидер, била очигледно синхронизирана, како и тоа дека сите биле зачудени од фактот како партискиот портпарол Петре Шилегов објавил заклучоци пред почетокот на ЦО уште пред тие да се донесат.
Ова јасно укажува на недемократскиот амбиент во кој се носат таму одлуките, како и на способноста на опозицискиот лидер да направи сѐ што е во негова моќ за да ги избегне изборите или, пак, да добие нивно одложување.Според извори од СДСМ, на партискиот состанок одржан од лидерот Зоран Заев, присуствувале сите коалициони партнери, кои за првпат присуствувале на