На истите оние за кои пред извесно време тврдеше дека биле заглавени во криминал, лидерот на СДСМ Зоран Заев сега им понуди да бидат дел од неговата „реформска влада“.Во интервју за ТВ Шења во декември 2015-та година, кое патем го водеше сега неговиот сопартиец Мухамед Зекири, Заев одговарајќи на прашањето има ли некој фунционер, односно предмет со кој што ќе се занимава СЈО за функционери од ДУИ, претседателот на СДСМ вели:
„Да, Да. Поднесени се и кривични пријави. Мислам дека поднесени се кривични пријави за Бујар Османи, за Муса Џафери. Поднесени се кривични пријави за некои политичари во делот на тетовската индустриска зона. Тоа моите адвокати подобро го знаат. Поднесени се, но не е толку важно што ние сме поднеле кривични пријави, СЈО со примањето на материјалите ќе види што тоа има криминал и во другите случаеви“
Во интервју за ТВ Шења во декември 2015-та година, кое патем го водеше сега неговиот сопартиец Мухамед Зекири, Заев одговарајќи на прашањето има ли