Заев поплука на правото и е без одземен пасош, Груевски со почитување на правото остана без патна исправа

Очигледни се двојните аршини во спроведувањето на правото. Правдата за некои маќеа, а за некои мајка. Зоран Заев преку игнорирање и непочитување на Судот, преку флагрантно кршење на легислативата и прописите е со уредна патна исправа и против него нема постапка за одземување на пасошот. Двојните аршини се гледаат на дело и ова преставува брутално кршење и газење на правната држава.За разлика од него, Никола Груевски кој се одзва секогаш кога имал доставена покана од СЈО, кој е редовен на сите рочишта за судењето за случајот во општината Центар и досега ниту еднаш не ја повреди процедурата, има одлука на Основниот суд за одземен пасош.
Зоран Заев за случајот „Поткуп“ од 200 илјади евра очигледно се исмева со Судот и одбегнува судење. Во прва фаза тој јавно кажа дека не го признава Судот, и дека сите негови одлуки се невалидни и притоа не се појави на рочиштата.
-Јавно соопштувам дека нема да присуствувам на закажаните судски рочишта. Нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување присуство за водење на отворената кривична постапка, изјави Заев пред две години.
Потоа премина во фаза кога се служеше со очигледни лаги да не се појавува на судење. Па така, во јавноста излезе со цела лепеза на неиздржани и ступидни оправдувања. Една од неговите лаги е дека ќе морал да се сретне со италијанскиот амбасадор, и затоа не можел да присуствува на рочиштето. Потоа не само што не се сретнал со него, туку се испостави дека се работи за средба со неговиот струмички пријател, кој се преставува за конзул.
Друго провидно оправдување на Заев за одбегнување на правдата и судење, е дека морал да просуствува на седница на Влада која патем ја закажува лично тој и го утврдува терминот на нејзиното одржување.
Друго лажно оправдување е дека има некои партиски состаноци и тоа е причината поради која не може да присуствува на судењето. На сето тоа, Судот остана индиферентен, а обвинителството не покрена барање за одземање на пасош. Се работи за криминален случај каде Заев е фатен на видео како бара мито од 200 илјади евра.
Наспроти ова, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски иако до сега не ги прекршил легислативните процедури и  е редовен на судски рочишта, СЈО преку брутален политички и партиски, како и надворешен притисок издејствува одземање на пасош на лидерот на опозицијата, загрозувајќи ги неговите основни права и креирајќи монструозна политичка хајка. За разлика од него, Никола Груевски кој се одзва секогаш кога имал доставена покана од СЈО, кој е редовен на сите рочишта за судењето за случајот в

Пронајдете не на следниве мрежи: