ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција оцени дека она што денеска се случило во судот со случајот „Поткуп“ во кој е обвинет актуелниот премиер Зоран Заев е најдобар показател за неговата желба да го контролира судството.– Денес, Зоран Заев фатен на дело како бара поткуп од 200 илјади евра, сакаше да се изземе видеото на кое јасно се гледа како прави кривично дело, рече Спиро Ристовски на прес-конференција во седиштето на партијата.
Тој додаде дека намерата на СДСМ за партизација на судството е со цел, како што рече, да се спасат себеси од криминалите и да прават монтирани политички случаи.
Според Ристовски, СДС креира страв кај судиите, а ќе работи на промена на персоналниот состав на Судскиот совет.
– ВМРО-ДПМНЕ очекува силна реакција и од ЕУ за партизирањето на судството од страна на СДС и Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ најостро ќе се спротивстави на ваквите политики кои го уназадуваат правниот поредок во државата и нема да дозволи систем на партизација на правото и правниот систем во Република Македонија, нагласи Ристовски.– Денес, Зоран Заев фатен на дело како бара поткуп од 200 илјади евра, сакаше да се изземе видеото на кое јасно се гледа како прави кривично