Лидерот на СДСМ Зоран Заев соочен со притисокот и срамот дека е единствен политичар аболиран за криминал тежок 8 милиони евра, почна да ги менува и своите ставови во врска со судството. Зоран Заев од јуни 2016 година смета дека без почитување на судот нема држава, а Зоран Заев од јули 2015 не го признаваше судот.Заев низа пати покажа крајно непочитување на македонските институции.Но дури и на оваа тема, Заев продолжи да се побива самиот себе, да си ги демантира сопствените изјави и да не држи до својот искажан став.
Кога станува збор за почитувањето на судовите, Заев се уште не може да се договори самиот со себеси дали на јавноста ќе и изјавува дека ги почитува судовите или ќе тврди дека не ги почитува.
Така, јавноста беше изненадена од изјава на опозицискиот лидер во која тој ги негираше македонските институции и системот и рече дека не го признава правосудството.
-Не го признавам правосудството како независна власт по Устав и по закон. Правосудството е под целосна контрола на Никола Груевски и неговата власт. Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта. Нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам на судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка, рече Заев на прес-конференција пред околу една година.
И за ова тој се предомисли. Сега неговиот став е дека судовите мора да се почитуваат.
-Законот и Уставот мора да важат подеднакво за сите. Не знам зошто е тој толку голем страв да се излезе пред суд. Судот во судски инстанци, во Основен суд, Апелација, Врховен суд, па и Стразбур утврдува право на секој граѓанин да докаже невиност или да му се докаже вина согласно која треба да се понесе одговорноста. Бегање од тоа нема. Првиот момент кога ќе дигне некој раце од тоа, отиде државата низ вода, рече Заев во интервју за порталот Локално објавено пред два дена.
Ако се споредат двете изјави на Заев, освен што повторно се гледа неговата неодлучност за тоа што треба да мисли, се создава слика дека Заев смета дека сите треба да го почитуваат судот, но само тој не.
Заев низа пати покажа крајно непочитување на македонските институции.Но дури и на оваа тема, Заев продолжи да се побива самиот себе, да си ги деман