Заев прифатил се што било побарано од Алијанса на Албанците и ДУИ

Изет Меџити во вчерашното гостување на Алсат М Телевизија вели дека во преговорите за влада со СДСМ и Зоран Заев постоеле четири столба кои се во Тиранската платформа, што уште еднаш докажува дека Заев не ја отфрли платформата. И Арбен Таравари од партијата на Зијадин Села вели дека од лидерот на СДСМ побарале двојазичноста да биде експресна, што им било апсолутно прифатено-Јас бев составен дел од работната група… Што сме разговарале и тука не е прашање ДУИ, бидејќи пред нас сме имале албанска декларација и во исто време сме ја застапувале и Алијансата, а условно и Беса, бидејќи декларацијата е заедничка и таму се зборуваше за четири столба кои се во албанската декларација. Тоа се правна држава, за што сме имале кратка дебата, потоа евроатланската ориентација, односно како приоритет членство на Македонија во НАТО. Како трет столб е децентрализацијата за што се согласивме да се отвори трета фаза на фискалната децентрализација за да има посебен фонд за помалите општини за и тие да се развиваат. Значи да се формира механизам за правична распределба на финансии, на еднаков начин по региони и албански населени места. И четвртиот столб се однесува на албанските елементи, како што се законот за албански јазик и се друго што се во декларацијата, истакна Меџити.
И генералниот секретар на Движењето за реформи во ДПА, Арбен Таравари во гостувањето во емисијата „Програм 200“ на Алсат-М телевизија истакна дека од лидерот на СДСМ побарале двојазичноста да биде експресна.
 
-Двојазичноста да биде експресна, што е можно побрзо да се прават измените во изборниот законик. И тој е заинтересиран да го реши ова, прифаќа да се прават такви измени….Разговаравме како да ги промениме имињата на улиците каде живеат мнозинство Албанци. Замислете, во Гостивар центарот се вика „Маршал Тито“, а повеќето од младите не знаат кој е тој. Имавме согласување за повеќето од точките кои ги дискутиравме, истакна Таравари.
Тој вели дека за овие прашања со Заев разговарале околу час и половина и дека лидерот на СДСМ апсолутно ги прифатил барањата и точките.
-Дури поставивме рокови во кое време треба да се реализираат за да создадеме взаемна доверба дека во иднина ќе функционира оваа коалиција, ако функционира зошто да нема соработка, додава генералниот секретар во паријата на Зијадин Сила.
Претходно, претседателот на СДСМ Зоран Заев со албанските коалициони партнери договараше консензуална демократија, со што мнозинството веќе нема да одлучува во Македонија.
Според него, консензуалност во одлучувањето било еден од тие принципи.
-Еве неколку, само ќе наговестам заради тоа што се уште се пеглаат до крај сите. ЕУ и НАТО, владењње на правото и правната држава, целосна реализација на Охридскиот рамковен договор, чесност, транспарентност и одговорност на власта, консензуалност во одлучувањето, меѓусебно градење на стратегијата на партнерите пред секои важни одлуки, без разлика во Парламентот или во Владата, отчетност и дефинирање на едно општество за сите, рече Заев по средбата со Зијадин Села.
-Јас бев составен дел од работната група… Што сме разговарале и тука не е прашање ДУИ, бидејќи пред нас сме имале албанска декларација и во

Пронајдете не на следниве мрежи: