„Со (таа) аболиција се уништени многу значајни предмети. Беа отворени 35/36 истраги за кои опозицијата поднесе пријави“- посочува Зоран Заев во интервју за турската агенција Анадолија, во делот од разговорот посветен за СЈО и аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов.Заев отворено признава и лично дава потврда на тоа што беше очигледно за јавноста, дека Специјалното јавно обвинителство до сега работеше само и само по волја и диктат на СДСМ. Од СЈО во неколкуте предмети, кои беа јавно најавени беа посочувани високи функционери на ВМРО- ДПМНЕ. Заштитините лица на СЈО постојано без квалитетно подготвени предмети по секоја цена бараа притвор за функционерите на владејачката партија. Притоа, не смее да се изземат и недоличните коментари на обвинителите од СЈО на социјалните мрежи, ниту пак на недостојното однесување на Катица Јанева во однос на водењето на случаите против Заев и Верушевски, кои ги презеде како предмети. За потсетување, додека се бараше притвор за сите споменати кои се во врска со ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Верушевски, за кој што има низа докази за вмешаност и организатор на прислушувањето, има и признание за тоа, како и постоење опасност од бегство или повторување на делото, Верушевски, како и Заев, слободно се шетаат во јавноста.
Оваа изјава на Заев само го потврди ставот на претседателот Иванов за помилување на сите кои ќе се најдат опфатени во предметите на СЈО, за кое што во своето обраќање посочи дека неговата работа служи како изборен памфлет, дека е потребно време за да изработат квалитетни обвиненија, а потоа ги посочи и дипломатските претставници кои вршат притисок врз обвинителството и судот. Признание дури и го оправдува чекорот на помилување, освен во делот на простувањето за делата на Заев и на неговиот соработник, Зоран Верушевски.
Заев со ова шокантно признание ја потврди и моќта за перцепција на граѓаните кои во анкетите дури 70тина проценти посочуваат дека работата на СЈО е политички мотивирана, дека е политички приотисок врз власта, дека според тоа не веруваат во обвиненијата , како и дека нема да им влијае врз одлуката на следните парламентарни избори.
Извор: Zurnal.netЗаев отворено признава и лично дава потврда на тоа што беше очигледно за јавноста, дека Специјалното јавно обвинителство до сега раб