Заев призна во „Топ тема“: Захир Бекири – Чауш е член на СДСМ!

Тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам. Вака опозицискиот лидер Зоран Заев во интервју за „Топ тема“ на Телма вечерва призна дека првоосомничениот од криминалната група од „Фабриката за афери“, Захир Бекири викан Чауш е член на СДСМ.–Го спомнуваат и едно од осомничените лица во овој случај со личните карти. Да дадам одговор и да нема дилеми, јас сум тој заедно со раководството на СДСМ, кој што повеќе од две години, ги повикува сите граѓани кои што поседуваат докази, за криминал, за корупција, за незаконско работење на оваа власт, да го достават тоа. Сум се среќавал со сите луѓе, и сега обвинувањето е зошто Заев со осомничено лице, се сликал, се среќавал или слично. Зошто Заев се сликал со осомничено лице, рече Заев.
На прашањето на новинарката Снежана Лупевска дали осомничениот му давал докази, во контекст на претходно кажаното дека сите лицa кои што има да му дадат нешто,  Заев ќе ги прими, опозицискиот лидер вели:
–Не би сакал да навлегувам во истрагата, истрагата тоа ќе го открие. Не бегам од одговорите, се плашам да не влијаам на истрагата. Ќе ги дадам сите одговори, тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, нема бегање од таа работа, ниту некој се плаши, Јас се гледам со сите луѓе кои што бараат, вели Заев и додава дека голем дел од сопартијците дури и му замерувале за неговата отвореност, транспарентност, разговори со сите.
Инаку, Захир Бекири – Чауш како што објавија дел од медиумите повикувајќи се на извори од истрагата е провосомничениот за аферата фалсификувани лични карти. Со своето признание, Заев практично потврди дека човекот кого обвинителството го сомничи дека стоел директно зад аферата со фалсификуваните лични карти всушност е дел од структурите на СДСМ. Покрај Бекири, приведен е и неговиот брат Имер на кого му е одземен пасошот како мерка за обезбедување.–Го спомнуваат и едно од осомничените лица во овој случај со личните карти. Да дадам одговор и да нема дилеми, јас сум тој заедно со раководс

Пронајдете не на следниве мрежи: