Зоран Заев продолжува да не го почитува договорот од Пржино и она за што е законски обврзан. Материјалите кои нелегално ги поседува и ги објавуваше, се уште стојат кај него бидејќи тој не ги предава до специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.„Ќе се одважи ли Јанева како надлежна за незаконски прислушувани разговори да ја искористи можноста дадена во членовите 194 и 195 од Законот за кривичната постапка да побара од судија наредба сама да ги одземе снимките што се уште ги поседува Зоран Заев без да чека тој самоволно да го направи тоа?“
Прашањето на „Дневник“ е многу логично ако се има предвид дека дел од 600.000 прислушувани разговори на 20.000 граѓани за кои Заев тврдеше дека ги чува како „своите очи“ се најдоа во рацете на веќе осудени криминалци, а сега осомничени во фабриката за афери.
– Kако што е познато, Заев пред само три дена тврдеше дека тој најдобро знае да ги чува снимките, кои имале чувствителна и доверлива содржина, за да ја заштити приватноста на прислушуваните граѓани. Еден ден подоцна во фолдер „СДСМ – Заев“ кај еден од осомничените во акцијата за фалсификувани документи беа пронајдени десетици илјади снимки, а објавена е и фотографија на осомничениот со Заев. Тој не негира дека му ги дал снимките на осомничениот, туку вели да се почека истрагата, потсетува дневниот весник.
Материјалите на Заев се најдоа во рацете на криминалци, каде очигледно Заев смета дека се побезбедни отколку кај Катица Јанева.
Како тоа Заев мисли дека материјалите нема да бидат безбедни во специјалното јавно обвинителство, за каде државата обезбеди посебен сеф и безбедно чување, а таквите нелегално стекнати снимки се најдоа во рацете на големи криминалци?
Катица Јанева досега го толерираше Зоран Заев за кого изјави дека му верува дека ќе стои на дадениот збор иако ги проби сите рокови и не ги предаде материјалите.
-Јавниот обвинител може да бара контрола или привремено одземање предмети и документи што можат да послужат како доказ или да бара податоци што можат да послужат како доказ за сторено кривично дело или имот стекнат со извршување кривично дело… Субјектите до кое е упатено барањето се должни да му ги достават овие предмети, податоци, документи… без одлагање, а најмногу во рок од 30 дена. Ако тоа не го сторат во овој рок, јавниот обвинител може да му предложи на судот да изрече парична казна во висина од 2.500 до 5.000 евра. Јавниот обвинител има право самиот да ги обезбеди и да изврши увид на материјалите што ги побарал. Рокот за Заев за предавање на снимките по оваа основа истекува кон средината на јануари, пишува „Дневник“.
Но, кога ваквите материјали се најдоа во рацете на тешки криминалци, логично е да се превземат мерки со кои ќе се спречи злоупотреба на овие информации.
Освен оваа одредба од Законот за кривична постапка, која ја искористи Јанева, постои и втора опција што ја нуди овој закон за одземање предмети од обвинител дадена во членовите 194 и 195.
Специјалната јавна обвинителка е на потег. Опозицискиот лидер ужива самоволие, кршејќи ги законите и договорот, Јанева додека не превземе сериозни чекори ќе остане само негов параван за ваквото однесување.„Ќе се одважи ли Јанева како надлежна за незаконски прислушувани разговори да ја искористи можноста дадена во членовите 194 и 195 од Законот