Вчерашните случувања во Собранието беше главна тема на медиумите од регионот. Се пишуваше за обидот за државен удар од страна на СДСМ и албанските коалициски партнери со противзаконското избирање на Претседател на Собранието.Б92 синоќа цитираше експерти кои изјавија дека Албанците почнаа да ја прават својата трета држава на Балканот.
-Заев е подготвен да им даде многу, не размислувајќи за иднината на државата. Албанскиот сепаратизам доби крилја со пуштањето на слобода на Рамуш Харадинај. Тие се подготвени и на војна, а македонскиот народ, како ниту еден во светот не сака да гледа како државата му попаѓа. Ако им се дозволи на Албанците да кршат, ќе ја скршат и Македонија, смета Драгомир Анѓелковиќ.
Експертот за безбедност Срѓан Перишиќ вели дека Албанците почнаа да ја прават својата трета албанска држава, а имаат поддршка од Западот и НАТО, во спротивно не би се осудиле на таков чекор, пишува Б92.
-Западот ги перципира како свој главен фактор. Сведоците сме на инцидентите и насилството во Македонија, затоа што некому му е грижа само за функција и пари, посочи Перишиќ, цитира Б92.
Според Б92, во Собранието вчера имаше обид за пуч, а ситацијата ескалирала поради пеењето на албанската химна.
РТС пишува дека нередите почнаа откако СДСМ и албанските партии го избраа Талат Џафери за Претседател на Собранието.
Според Пинк, во Собранието опозицијата направила обид за државен удар.
Блиц ја пренесува сликата од еден од членовите на личното обезбедување на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој во собранискиот прес-центар извади пиштол и го подгреа револтот кај народот.
Освен тоа, Блиц напиша и дека граѓаните на Македонија ноќта ја поминаа во шатори пред Собранието.
„Србија данас„ пишува дека е откриена причината за повредите на Заев, посочувајќи дека тој прво „го фрлил каменот“ пренесувајќи ја сликата од обезбедувањето со пиштол.Б92 синоќа цитираше експерти кои изјавија дека Албанците почнаа да ја прават својата трета држава на Балканот.
-Заев е подготвен да им даде