Заев сака лидерска средба ЗА СЛИКАЊЕ, а НЕ за избори!

Партиски извори за Журнал, тврдат дека лидерот на СДСМ веќе подолго време е под притисок од САД и од ЕУ, кои веќе двапати му излегоа во пресрет и издејствуваа одложување на изборите, најнапред на 24 април, а потоа и на 5 јуниЛидерската средба, која СДСМ веќе подолго време ја најавува, виси поради тоа што Зоран Заев сѐ уште не сака да даде цврсти гаранции дали ќе се разговара за најважното прашање – датумот на одржување на изборите.
Партиски извори тврдат дека лидерот на СДСМ веќе подолго време е под притисок од САД и од ЕУ, кои веќе двапати му излегоа во пресрет и издејствуваа одложување на изборите, најнапред на 24 април, а потоа и на 5 јуни.
Овој пат тие се многу повнимателни и сакаат најнапред точно да се знае за што ќе се разговара, а потоа четворицата лидери да седнат на заедничка маса.
Амбасадорите Орав и Бејли вчера нагласија дека се во активна дискусија со партиите.
„Се надеваме дека тие ќе постигнат договор во следните денови“, велат од американската амбасада во однос на прашањето дали се во тек консултации со партиите потписнички на договорот од Пржино за одржување нова лидерска средба“, велат амбасадорите.
Вчера партиски претставници имале одвоени разговори со амбасадорите.
На средбата партиите биле претставени на пониско ниво, а главни точки биле утврдување на датумот за избори и форматот на владата која ќе треба да ги спроведе изборите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски,завчера изјави дека не е против одржување лидерска средба, но за таа да се одржи потребно е претходно да се знае темата на разговори и да се направат подготовки за да се зголеми веројатноста да заврши успешно.
– Ние генерално никогаш не сме биле против лидерски средби, сме учествувале на многу, поголем дел од нив ние и сме ги поттикнале да се одржат. Меѓутоа, за секоја лидерска средба треба да има точно утврдена тема и добри подготовки, инаку ќе заврши неуспешно и тоа не е добро. Прво, за нас не е добро бидејќи секогаш нас нѐ прогласуваат за виновни ако таа заврши без успех, а второ не е добро ниту за граѓаните затоа што тоа станува главна тема неколку дена, па во текот на денот е клучна тема и на крајот ако заврши неуспешно доаѓа на некакво општо разочарување – рече Груевски.
Од СДСМ посочија дека со исполнување на двата основни предуслови – одлагање на изборите и повлекување на одлуката за аболиција од страна на претседателот Ѓорге Иванов, се исполнети минимум условите за почнување политички дијалог со цел да се создадат услови за фер, слободни и демократски избори.
Извор: Журнал.нетЛидерската средба, која СДСМ веќе подолго време ја најавува, виси поради тоа што Зоран Заев сѐ уште не сака да даде цврсти гаранции дали ќе се разг

Пронајдете не на следниве мрежи: