Заев сам го потврдил времето за средба со италијанскиот конзул за да избега од судското рочиште

Епитетот „единствен политичар во светот“ кај Зоран Заев е чест, но во негативна конотација. Па така, Заев е единствениот политичар во светот обвинет за криминал кој не отиде на судско рочиште заради средба со амбасадор во својата земја. Терминот самиот го потврдил иако знаел дека тогаш има судско рочиште.Откако амбасадорот ја демантира средбата и не му помина лагата, сега се префрли дека средбата не била со амбасадорот, туку со конзул.
Амбасадорите и конзулите во Македонија и во било која друга земја каде се назначени живеат секој ден од годината, додека трае нивниот мандат, не само денот кога Заев треба да се појави на судско рочиште. Секако дека Заев тоа го знаел, но не го зел во предвид, затоа што за него беше најважно да одбегне одење на суд.
Заев можел со конзулот да се сретне и во друг ден или истиот ден во друго време.  Како претседател на најголемата опозициска партија, не е никаков проблем да закаже друг термин во истиот или ден пред или потоа. Но, Заев со намера закажува точно во исто време со судот со цел да избега од правдата.
Всушност овој пат и не закажал, туку излажал дека закажал, не очекувајќи дека ќе биде демантиран. Ако вака се бега од рочишта, тогаш секој политичар во Европа и светот кој е повикан на судско рочиште може на овој начин до бескрај да одлага одење на суд. Но, низ демократска Европа нема ниту еден така “итар“ како Заев да прави вакви срамотилоци и за себе и за земјата.
Сега откако се откажа од градоначалничката функција за да стане пратеник, јавно го прашуваме дали како пратеник ќе се појави на следното рочиште или ќе се повика на пратеничкиот имунитет, или повторно ќе смисли или излаже за некоја средба со некој амбасадор, негов заменик, помошник, советник или конзул?
Исто така, јавно го прашуваме Заев што разговарал со конзулот на Италија, имајќи ги во обзир ингеренциите кои ги има секој конзулот и зошто не била средбата со амбасадорот, туку со конзулот? Што е тоа што, човекот кој насекаде се преставува како иден премиер на државата, не може да го разговара со амбасадорот, а треба да го разговара со конзулот?Откако амбасадорот ја демантира средбата и не му помина лагата, сега се префрли дека средбата не била со амбасадорот, туку со конзул.
Амбас

Пронајдете не на следниве мрежи: