Зоран Заев и општина Струмица се китат со туѓи перја и си препишуваат проекти кои не ги направиле, инвестиции во кои не вложиле ниту денар.
Новиот претседател на СДСМ преку соопштението испратено до јавноста се обиде да се извади за лагата со која си ја препиша холандската инвестиција, меѓутоа струмичкиот градоначалник преку истото тоа соопштение влезе во друга лага со тврдењето дека инфраструктура за холандската инвестиција е изградена од Општина Струмица.
„На инвеститорот му е понудена локација со комплетна комунална инфраструктура изградена од Општина Струмица (атмосферска и фекална канализација, електрична мрежа, асфалтиран пат со пристап за влез и излез до и од локацијата, мост, водоснабдителен систем со вода за пиење и техничка вода, современи тротоари околу локацијата и соодветно улично осветлување)“, стоеше во соопштението.
Сепак, според документите до кои дојде Курир, а на кој јасно се гледа потписот на Зоран Заев, комплетната инфраструктура за локацијата каде ќе инвестира холандската компанија е направена со пари од Владата преку Агроберза.
На 30-ти октомври 2008 година е склучен договор за наплата на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објектот „Агроберза“ во Струмица. Според договорот, Агроберза исплаќа надоместок во висина од 52.231.520 денари, од кои Агроберза се обврзува да исплати 32.118.875 денари веднаш по потпишувањето на договорот, додека останатата сума од над 20 милиони денари треба да ја исплати Министерствотоза земјоделство, шумарство и водостопанство, за што ќе се склучи посебен договор.
Овие средства Општина Струмица треба да ги искористи за изградба на улица и изградба на мост. Потписник на овој договор е лично Зоран Заев.
Со договорот од 3-ти декември 2008 година помеѓу Агроберза и Општина Струмица застапувана од Зоран Заев, Агроберза се обврзува на општината да и исплати над 20 милиони денари, надоместок кој е остаток од вкупниот надоместок кој изнесува вкупно 52.231.520 денари.
Врз основа на овој договор, Општина Струмица средствата добиени по основ на исплатениот надоместок треба да ги искористи за атмосферска канализација, фекална канализација, водовод, улично осветлување, тротоар и експропријации. Потписник на договорот е лично Зоран Заев.
Заменик-министерот за економија Христијан Делев во изјава за Курир вели дека тврдењата на Заев се неточни и целата инфраструктура е финансирана од Агроберза.
-Тие информации не се точни, а нивната веродостојност може јасно да се провери. Таа не е финансирана од општина Струмица. Сето тоа е финансирано од Агроберза. Не е убаво да си препишуваат работи кои не ги направиле. Јас не сакам да коментирам вакви работи во интерес на инвестициите, но веќе лагите не престануваат, затоа морам да реагирам, вели Делев за Курир.
Дополнително, во октомври 2008 година е склучен договор за јавна набавка за дислокација на воздушни далноводи од надземни во подземни водови по границите на локацијата помеѓу Агроберза и компанијата „Мобил-ел“. Трошоците и за овој потфат ги сносува Агроберза.
Со сето ова е демаскиран обидот за манипулација од страна на струмичкиот градоначалник и претседател на СДСМ, Зоран Заев на своја заслуга да си ја препише изградбата на инфраструктурата и воедно целата инвестиција.Новиот претседател на СДСМ преку соопштението испратено до јавноста се обиде да се извади за лагата со која си ја препиша холандската инвестиција,