Заев се фати во истата стапица

ОХРИДСKИОТ РАМKОВЕН ДОГОВОР KАKО ЗАВРШЕН ЧИН НА ГОЛЕМОАЛБАНСKИОТ ПРОЕKТ (2) 
 

Второ, суштината на Охридскиот рамковен договор (ОРД) е бришење на македонскиот карактер на државата преку дерогирање на мнозинскиот народ во „етничка заедница“, изедначувајќи го така со сите малцинства. Тој отвора простор за федерализација за да се овозможи легално отцепување на Албанците и финализација на големоалбанскиот проект. Овој план, упорно реализиран од Вашингтон, ја релативизира дури и анулира улогата на мнозинството кое е доминантен столб на демократијата.

Така, ОРД го потпишаа по две македонски и албански партии, што треба да означува паритет меѓу нив иако Македонците се речиси трипати побројни. Репризата во Пржино, не е случајна туку замислена да биде нов „доказ“ за функционирањето на новиот „систем“. За да се постигне тоа, подметната ни е и кризава низ која предолго врвиме. Се заедно, Вашингтон го затвора „македонското прашање“од надвор, преку прекрстување на државата и разнебитување на народот и однатре, со бришење на македонскиот карактер на државата.
Трето, во својата основа, ОРД е мировен договор со кој заврши војната во 2001-ва, која срамно ја загубивме. Одговорните за овој пораз, како и за самиот ОРД, нема да ги одмине судот на историјата, кој е безмилосен иако кај нас обично доцни. Во светската историја, ниту еден мировен договор не бил официјално надградуван. Во нашиов случај, бидејќи се работи за „рамковен“, тој е финализиран со договорените анекси и неговата улога заврши со нивната имплементација во Уставот и законите.
Така, ОРД веќе нема никаква важност, освен – историска. Неговите катастрофални последици веќе ги чувствуваме, а ќе следат и нови. Затоа, сите барања за некаква негова ревизија или надградба се, едноставно – бесмислени. Историјата не може да се менува. Ние можеме да зборува за промени на законите та дури и на Уставот ама без никакво повикување на ОРД. Честото негово спомнување од Брисел и Вашингтон е чиста манипулација и дополнителен жесток притисок врз земјава. Наша непростлива грешка е што тоа го дозволуваме и толерираме. Федералните заложби, пак, се застрашувачи последици на овој погубен договор, кој ни беше подметнат токму за таа цел.
Четврто, апсолутно беспредметно е и постоењето на некаков секретаријат во Владата, на чело со заменик премиер, кој треба да се грижи за имплементација на ОРД!? Тоа е невиден анахронизам кој зборува за нашата недоветност ама и за итрината на другите кои така не држат под вечен шах. И, замислете, тој фиктивен секретаријат вработува илјадници лица кои седат дома и примаат плата, во име на правичната застапеност на Албанците! Толеранцијата на една ваква глупост создава нереална и нездрава политичка клима и стимулира поразителни активности.
Петто, има повеќе видови мировни договори. Овој, Американците го крстија така со единствена цел Албанците, поддржани од нив, постојано да бараат ширење на „рамката“.
Заев, пак, се фати во истата стапица од следните можни причини: Прво, од него тоа, веројатно, го бараат странските ментори. Свесни дека тој ќе загуби, целта им е да се врзат рацете на победникот и албанската партија да може да поставува максимално непринципиелни коалициски барања и кризата да продолжи. Затоа, сите албански политички субјекти сега излегоа со најекстремни националистички платформи, со закани и уцени – или ќе се прифатат нивните поразителни услови за Македонија, или нема влада. И за нив, и за Заев – сега му е мајката. Второ, ако победникот нема доволно пратеници, тој да избие во прв план и, преку коалиција со сите албански партии, да формира влада. Трето, знаејќи дека ќе загуби, што ќе значи и крај на неговата политичка кариера, сака и државата да пропадне, заедно со него. Четврто, во очај, се фаќа за сламки…
Просто е неверојатно, и непростливо што дозволуваме еден заскитан во политиката да ни ја крои капата и нам и на целиот регион. Сепак, најчудно е што не реагира никој од неговите сопартијци. Заев покажа дека нема поим што ни се случува, сите овие 25 години на независност. Очигледно, воопшто не му е јасно дека САД ни ја кројат капата и дека, во рамките на нивното сценарио, безбедносно сме загрозени само од внатре – од големоалбанскиот национализам кој, по 2001-та, зема се поголем замав. Не случајно, тоа се прави преку злоупотреба на ОРД кој е, пак, симболот на современата македонска национална катастрофа. Залагањата за било какво негово надградување, се всушност обиди за ново кинење на македонското национално ткиво.
Во Швајцарија, Заев имал и други „бисери“. Оценил: „И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобри. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија“. Не знам вие ама јас поголема глупост од оваа не сум чул долги години. Жртвата станува виновник. Елаборација не е потребна. Ова е навреда за секој наш граѓанин.
Неговото залагање, пак, дека е „важно да се разбираме било на кинески, француски, албански та дури и на македонски“ е таква човечка, политичка и интелектуална мизерија, што не заслужува коментар. Се заедно, Заев излезе поголем албански екстремен националист од сите други.
Заев мора да биде казнет на 11 декември. Недвосмислено и уверливо. Во спротивно, ќе докажеме дека не сме достојни за сопствена држава. Секој од нас е на потег и право на грешка – немаме. Во прашање е плебисцит – дали ќе не има, или не. Ако си ја сакате државата – гласајте.
Ристо НИКОВСКИ за Дневник
 
  
 

Второ, суштината на Охридскиот р

Пронајдете не на следниве мрежи: