Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?

Поделеност во Социјалдемократскиот сојуз за тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник на општина Центар на претстојните локални избори. Според информациите до кои дојде „Дневник“, на едната страна на приказната се наоѓа актуелниот градоначалник Андреј Жерновски, кој најверојатно ќе истрча како независен кандидат. До ваква одлука, како што тврдат извори за „Дневник“, дошло поради тоа што Жерновски не покажал лојалност кон раководството на СДСМ изминатите 4 години, па ја изгубил поддршката од Зоран Заев. На другата страна, пак, во игра се две имиња: Саша Богдановиќ, директорот на „Паркинзи на општина Центар“, и Софија Kуновска, поранешната пратеничка и претседателка на скопскиот разгранок на СДСМ.Имено, членството што во чекор го следи актуелниот лидер Заев својата поддршка за кандидат за иден градоначалник на Центар веројатно ќе му ја довери на Богдановиќ, кој важи за човек од доверба на лидерот на партијата. Другите, пак, кои не се сложуваат со политиките на лидерот и се реално исклучени од опкружувањето на Заев откако тој дојде на чело на партијата, за предводник на Центар ќе ја поддржат Kуновска. Таа е меѓу оние што отворено ја критикуваат политиката на актуелното партиско раководство. Нејзиниот револт на адреса на Заев за време на партискиот конгрес кога се креираа кандидатските листи за пратеници ги фрли во сенка листите и ги преполни медиумите. Истиот ден Kуновска си поднесе оставка од претседателската функција на скопскиот партиски разгранок на СДСМ, револтирана што Заев на пратеничката кандидатска листа ~ даде предност на Лилјана Поповска од ДОМ, долгогодишен коалиционен партнер во власта предводена од Никола Груевски.
Жерновски има искуство, ама Kуновска е жена и може да направи повеќе
Врз основа на информациите со кои располагавме, „Дневник“ спроведе мини-анкета меѓу жителите на општина Центар за тоа кој би бил нивниот избор – Андреј Жерновски, Софија Kуновска или Саша Богдановиќ.
Голем дел од граѓаните, особено младите, одбија директно да кажат за кого од тројцата би гласале, посебно што во оваа листа нема кандидати од други партии, пред с` од ВМРО-ДПМНЕ. Некои не сакаа да кажат ништо, едноставно, велејќи дека не сакаат да зборуваат за политика. Сепак, од одговорите може да се заклучи оти Жерновски е во блага предност, но само заради тоа што веќе има искуство на градоначалничката функција. Блиску до него, според нашата анкета, е Kуновска за која граѓаните веруваат дека како жена може да стори многу повеќе и заслужува шанса. Најмалку гласови во овој наш разговор со граѓаните, за кој не претендираме дека е вистински репер за расположението на жителите, би добил Богдановиќ.
Анкетираните граѓани – главно пензионери, првин си ги кажаа маките за она што моментно најмногу ги загрижува – загадувањето. Велат дека се свесни оти Општината сама по себе не може да го реши проблемот и следствено на тоа вината за прекумерната загаденост не ја гледаат во локална власт. Но, истовремено му забележуваат на Жерновски оти не нашол решение за густиот сообраќај и градежните активности со кои и онака слабото зеленило се уништува.
„Со години ветуваше училиште, а почна да го гради сега пред избори“
Двајцата пријатели, Драги Апостолов и Душан Ристевски, велат оти немаат конкретни замерки за 4-годишниот мандат на Жерновски.
– Си ја врши работата како што треба – ни вели Драги.
Лидија Спасова, нивната сограѓанка која живее во Kапиштец, на ова додава дека во последните години Центар станал вистинска урбана средина.
– Добивме паркови, се сочува градскиот, односно се врати урбаниот лик на општина Центар – ни вели Спасова и продолжува да шета со својот внук во количка, не заборавајќи да порача дека е неопходна стратегија за следите минимум 10 години за решавање на проблемот со загадениот воздух.
Миле Ристевски неколку метри подолу седи на клупа и ужива во првото сонце деновиве, но не сака да се фотографира.
– Освен паркот тука кај Kапиштец и училиштето што дури сега почнува да го гради, Жерновски не направи ништо друго. Kуновска заслужува шанса, таа е жена, пред с`.
Живко Наумов, пак, особено се израдува на нашето прашање, вели дека, освен Жерновски, и Kуновска и Богдановиќ имаат потенцијал.
– Жерновски е добар градоначалник, веќе е докажан, но и другите. Богдановиќ, иако е млад, е прилично вреден и има што да понуди – ни вели Наумов.
Поинаку од сите досега размислува Виолета Василевска. Таа вели не би го поддржала Жерновски на следните локални избори, но нема коментар за Kуновска и Богдановиќ.
– Не би го поддржала затоа што со години чекавме, ни вети изградба на ново училиште, која започна неодамна. Иако ми се допаѓаат парковите каде што децата си играат, сепак мислам оти не е доволно – вели Василевска.
„Kој и да биде градоначалник, да го запре градењето и да има повеќе зеленило“
Пензионерката Ружка Нацевска особено не се осврна на имињата на можните кандидати за градоначалници што ~ ги посочивме, но порача – кој и да биде, мора да реши три критични моменти.
– Улицата Васил Ѓоргов мора да се реши оти е ужасно хаотично кога е шпиц, потоа да запре густото градење на зградите и да се инвестира повеќе во садење дрва и зеленило – порачува Ружка.Имено, членството што во чекор го следи актуелниот лидер Заев својата поддршка за кандидат за иден градоначалник на Центар веројатно ќе му ја довер

Пронајдете не на следниве мрежи: