Продавачите на магла бројат евра, Заев се радува на измислени текстови во Србија, додека тоне рејтингот на СДСМ. Српски Курир продолжува да функционира како огласна табла која што СДСМ скапо ја плаќа за да се објавуваат лагите на Заев кои што се разобличени и не минуваат кај македонските граѓани.Само неколку денови откако Република објави дека ПиАр стратезите од Србија повторно се на гости кај Заев, истите оние за кои СДСМ се обидува да сокрие дека стојат зад насилните протести кои ги организира СДСМ подолг период, а кои се бледа копија на нивната работа во Сараево и во Косово, медиумскиот портал на стратезите кои ноќи и ноќи го караат Заев на српски, повторно објави лаги за случувања во Македонија, повикувајќи се само за ним „добро упатени извори“, наведува Курир.
Како тема за новите измислици објавени на Курир.рс, овој пат е искористена посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Коѕијас која беше во насока на градење на добрососедство, додека порталот ја извртува сторијата дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски преговарал со него за промена на името на државата.
Овој „чекор“ на стратезите на Заев доаѓа во момент кога тој се најде под силна канонада во јавноста со неговите лапсуси- и вербални и невербални. Задачата која скапо ќе ја наплатат продавачите на магла од Србија сепак не е само да ја дефокусираат јавноста во Македонија од Заев и неговите испади, туку и да ја „исперат“ главата на Заев. Заев, кој е свесен дека нема визија за конструктивна кампања, ниту програма и проекти, а веќе наголемо зборува за избори, мора во сопствената глава да креира свет во кој тој нема да е криминалец, човек кој што ја витка кичмата, нема да биде тој што сака ќерка му да учи албански, човек што само благодарение на аболицијата ужива на слобода во криминално стекнатите милиони евра, или најново, човек кој не е поддршка на Џемо Хаса и Балистите. Заев мора себе во оогледало да се гледа како херој, па колку и да го чини тоа според ценовникот на ПиАр стратезите Шчекиќ и Бендер.
Токму затоа Заев плаќа објавување на скапи текстови во нерелевантен портал во Србија, а сите портали кои финансиски се зависни од СОРОС/СДСМ во Македонија мора да ги пренесат од збор до збор. Само што овие текстови и Заев знае дека се производ на неговите „влажни сништа“.
Во тие текстови Никола Груевски треба да биде прикажан како некој што одбива да оди на суд, додека Заев самиот изјавуваше дека не го признава судот. Во нив Груевски треба да биде тој што го продава името на државата, додека Заев изјавуваше дека ќе ја свитка кичмата. Во тие текстови треба да пишува дека ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ја немаат поддршката, додека Заев знае дека рејтингот на СДСМ е во слободен пад.
Меѓу тексотовите кои се нарачани и скапо платени од Заев се и оние на кои лажно се пренесува дека Груевски не се појавил во суд или дека тој помилувал некого.
Пред одложувањето на изборите во април целата јавност сведочеше на ист ваков циркуз, од кој полза имаа само Шчекиќ и Бендер, додека рејтингот на СДСМ и на Заев треснаа на дното. Кризата во државата сепак се пролонгираше со краткорочното одлагање на изборите. Шчекиќ и Бендер сега повторно се возат низ Скопје, само во нов скап џип.
Курир.рс освен како огласна табла за случаеви како Заев е потполно неважен портал во соседна Србија и служи само за пласирање на вакви спинови во земјата и во регионот. Доколку во екот на насилствата во Македонија за време на протестите на СДСМ, како и за време на полициската акција во кумановско Диво насеље, беше искористен за пласирање на лажни информации и ширење на паника, во Србија повеќе пати е тема на судски процеси, како тужена страна од политичари и јавни личности. За ваквите спинови на порталот под диктат на „Продавачите на скапа магла“ Република пишуваше неколку пати, а ќе се навратиме и подолу во овој текст.
Меѓу оние кои поведоа правна постапка против посталот Курир.рс е и поранешниот градоначалник на Белград. Министерот за внатрешни работи на Србија јавно на прес конференција ги посочи дека лажат, додека премиерот Александар Вучиќ јавно ги повика да кажат колку им се високи дневниците со кои се платени од СОРОС.
Зоран Заев како и секогаш кога ќе му загусти, на помош ги повикува „продавачите на магла“ од Србија. Овој пат му пропаднаа сите замислени сценарија за дестабилизација на државата, неговите насилни револуции не му го кренаа рејтингот на СДСМ, а повторно се доближува изборен процес. „Белградската врска“, односно „продавачите на скапа магла“, кои како советници на Заев му ја продадоа идејата за платеничка револуција и стратегијата за насилно рушење на власта, повторно се во Скопје. Нивниот џип, кој лани често беше паркиран пред партиското седиште, повторно е фотографиран во Скопје.
Минатата година Република во неколку наврати пишуваше дека стратезите кои стојат зад неколку насилни политички операции на Балканот сега се главните советодавачи на Заев. Повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓаа во штабот на СДСМ на средба со раководството. Многу набрзо по објавувањето на оваа информација, екипата на „Република“ го „улови“ џипот како го напушта седиштето на СДСМ.
Познатите имиња во светот на насилните кампањи, Милан Шчекиќ и Иван Бендер, наголемо беа присутни во Скопје минатата година, но и во периодот април-мај годинава кога почнаа насилните напади и пресметки со полицијата, палењата на институциите, демолирањата, грабежите под превезот на платеничката револуција. Шчекиќ и Беднер се поврзуваат со агенциите за стратегиско планирање и за активности со односи за јавност „Раскин и Хант“ (Ruskin & Hunт) а претходно „Артс енд крафтс“, која медиумите ја врзуваа во корупцискиот скандал за извлекување на државни пари за кампањи. Шчекиќ работел и за српското министерство за Косово и Метохија, каде неговата активност многу наликува на методите кои Заев, со масовните протести и судири меѓу полицијата и српското малцинство на Косово, како и српско- косовските гранични инциденти и судири.
Иако од партијата лани негираа и се обидоа да ја скријат соработката со нив, некоординираноста во партијата ги откри картите. Координаторот на пратеничката група во Парламентот, Горан Сугаревски лани за Република потврди дека СДСМ соработува со пи- ар агенција од Србија, за која не беше сигурен за името, но од која раководството било многу задоволно.
Иако СДСМ официјално никогаш не одговори на поставените прашања од Република, дали има договор со српските стратези, колку ги чини тоа и на кој начит се исплатени, српските медиуми ја потврдија нивната работа во Македонија.
Сега, кога се очекува лидерската средба на која ќе се потврди дека се исполнети сите услови за избори согласно последниот договор кој го потпиша и Заев, а во меѓувреме популарноста на Заев не се одлепи од дното, истите стратези се повторно во Скопје. Откако „зафатите“ за проблематизирање на изборите со Избирачкиот список и со медиумите се чини дека се затворени, Заев веројатно повторно се врти кон насилните сценарија во режија на српските стратези.
Оваа снимка е од 2006 година од нападот на Претседателството на БиХ во Сараево што го потврдува дека сценариото, кое Заев и СДСМ ја продаваа како „граѓанска реакција“ е препакувана веќе пробана тактика за таканаречена „шарена револуција“ во организација на „Белградската врска“.
Истите советници, дознавме, имале улога и во посетата на Заев на Израел и неговиот лаги испратени од таму за темите на разговор и со луѓето што се сретнал. Агенцијата, според српските медиуми, е во блиски односи со познат израелски „махер“ за односи со јавноста, кој пак во Србија е познат по победничката кампања на СНС, како и по промотивните кампањи на поранешниот претседател на земјата, Борис Тадиќ.
Исто така се додава дека „Продавачите на магла“ успеваат да ги наметне партиските ставови во медиумите во текот на кампањите. За потсетување, дел од српските медиуми ширеа невистини и манипулации за настани кои се случуваат во Македонија, а кои коинцидираат со стратегијата на СДСМ за девалвирање на државните институции и на системот во целина. Дел од нив беа преземани и цитирани од медиуми кои се блиски до СДСМ, а се однесуваа за текот на акцијата во Куманово, потоа околу безбедносната состојба во државата, за насилните протести пред Владата во Скопје, за мигрантската криза…
Ако нападите врз институциите, наводните револуции, бојата врз спомениците и фасадите, секојдневните блокади се разработени сценарија кои им беа само препакувани за СДСМ, какви ли црни сценарија сега е спремен да купи Заев од овие продавачи на магла за повторно да нема избори? Каква ли сега ќе е реакцијата на неговите„пријатели од надвор“ ако повторно ги минира изборите како што тоа го стори претходно во два наврати годинава?Само неколку денови откако Република објави дека ПиАр стратезите од Србија повторно се на гости кај Заев, истите оние за кои СДСМ се обидува да сок
Пронајдете не на следниве мрежи: