Претседателот на СДСМ, Зоран Заев една од своите први средби како премиер ја имаше со својот специјален советник Зоран Башановиќ, пишува српски Курир. Станува збор за една од најконтроверзните личности во Србија, со не баш убаво минато. Од менаџер на половина српска естрада, преку поранешен кум на српскиот претседател Александар Вучиќ, со кого во меѓувреме ги нарушија односите, до исклучително матна личност во областа на енергетиката.Српски Информер за Зоран Башановиќ пишува дека со години работи како естраден менаџер, а кратко бил и член на Главниот одбор на партијата СНС. Од таму „одлетал“ затоа што себеси си склопувал милионски комбинации, повикуваји се на наводно кумство со лидерот на напредњаците и нов претседател на Србија, Александар Вучиќ. Во јавноста тој се појави на 27 декември 2012 година, кога со сопругата Бојана бил уапсен поради крадење облека и постелнина во еден трговски центар во Мајами. Двајцата беа пуштени ден подоцна со платени кауции од 1.000 долари.
-Башановиќ и Заев се запознале во Грција, каде и двајцата имаат куќи, и таму Башановиќ му ветил на Заев дека ќе му обезбеди поддршка од срспките медиуми. Истовремено, Заев преку Башановиќ го запознал и Саша Обрадовиќ, на кого му ветил дека ќе биде шеф на македонската електро индустрија кога СДСМ ќе ја земе власта, напоменува извор за Информер.
Во тексот на Информер пишува и дека Башановиќ е конекцијата меѓу Александар Родиќ, сопственикот на српски Курир и Зоран Заев, за првиот да преземе весникот „Слободен печат“, најверојатно со парите од албанските финансиери на СДСМ, а преку него објавува текстови со кои плука на Србите, го величи Заев и неговите албански газди, пишува во текстот на Информер.
-Родиќ пред повеќе од една година преку Башановиќ стапи во близок контакт со Заев и го презема Слободен печат, најверојатно со пари од албанските финансиери на СДСМ. Затоа сега објавува текстови со кои плука против Србите и го величи Заев и неговите албански газди. Како што се збори, за возврат добил големи пари веднаш во кеш, а останатото треба да го добие низ маркетиншки работи откако Заев ќе ја формира владата. Не е случајно што Заев баш за српски Курир го даде она интервју во кое брутално ја плукаше Владата на Србија. Позади се стојат милиони евра кои албански бизнисмени, блиски до терористички организации ги дадоа за валкана кампања во Македонија. Нивната крајна цел е „голема Албанија“, а најцрното е што во тоа му помагаат и овие продадени Срби, објаснува соговорникот за Информер и додава дека Башановиќ има задача да го поправи имиџот на лидерот на СДСМ во Србија.
Родиќ, Башановиќ и Обрадовиќ не биле достапни за редакцијата на Информер. Од друга страна, пратеникот на СНС, Владамир Ѓукановиќ за Информер изјавил дека Заев е во големи проблеми поради своите соработници.
-Тоа е интересен сојуз и поради тоа на Заев лошо му се пишува во политичката иднина. Кога ќе се погледне се, јасно е дека се работи за гол интерес и трчање по пари и дека тука нема никаква идеологија и политика, истакнува Ѓукановиќ.
Српски Информер за Зоран Башановиќ пишува дека со години работи како естраден менаџер, а кратко бил и член на Главниот одбор на партијата СНС. Од т