Заевата писмена капитулација испратена до ДУИ е само негова. Со неа нема да се согласи мнозинството во државата, залудни се и лажните анкети на „Телма“, кои требаше да му дадат ветер во едрата на недоветниот лидер. Вистината е поинаква. Дури и да добие преодна оценка за писмената задача од наставникот Ахмети (кој сосема случајно е педагог по професија, нели), ученикот Заев за да положи и да помине „на право“ има уште многу, многу работи да научи за сопствениот народ и држава. Малку историја не е лошо за никогo, пишува Република.Два месеца Заев и врхушката како змија нозете го криеја ставот за албанската платформа. Очигледно, криенката не била залудна. Сите насетуваа дека има и зошто, но тоа што полека излегува на виделина ги надминува и очекувањата на албанофилите во СДСМ. Веројатно, Мухи, Касапи и Адеми паднале во „несвест“ од среќа. Па и тие не очекувале вакво албанољубие од муртинскиот спасител, а и никој од недоветните не ја сфаќаше сериозно прогнозата дека ќе ја продаде и сопствената мајка за да дојде на власт. И би прогнозата. За жал на многумина. Најмногу на Македонците и на Македонија. Основани да ти биле претпоставките на познавачите и на „куририте“ дека Заев, фатен во пучистичкиот теснец, ќе даде сѐ за да излезе од калта што му стигнувала до уши доколку не го оствари ветеното на „чадорот“. Така и излезе. Ликот што ја овозможи оваа глупост со платформата, сега само ја продолжи. Негови се почетокот и крајот. Али, Билал и Зијадин беа само продолжувачи на неговото дело, а Зоран ги има сите заслуги пред и потоа.
Така, понеделнички, колку за да му тргне неделата нели, Заев потпиша капитулација на Македонија и на сето тоа што ја означува, краси и прави поинаква од другите држави. Име, јазик, химна… Фер, па човекот толку гласно и јасно на десетици настапи, јавно ја предупредуваше македонската јавност што ни следува. Арно ама, дел од непомирливите граѓани со владеењето на „криминалците, лошите и неписмените“ „факти“со кои им ја наполнија главата „професионалните“ медиуми со Соросов предзнак на банкарското конто, не поверуваа, дури ни на зборовите кажани лично од него. Можеби затоа што милува да зборува за себе во трето лице еднина, па си помислиле дека Зоран Заев зборува за некој друг Зоран Заев? Коинциденција со истоименоста, Македонија е мала земја, Зоран често име. Тешко…
По измамата – следува срам или револт кај измамените?
И така „измамените“ си голтаа без да изџвакаат, ламентира за „режимот“, мечтаеја за измислена „слобода“, го слушаа самодемантирачкиот лидер како пропагира двојазичност и ја бендисува швајцарската федерализација, го прескокнуваа грдото во составеното од него и си сонуваа како тој ќе дојде на власт и ќе им ја исправи „неправдата“. А таа да ти била од најразлична природа и да ти собрала на еден куп најразнобојни незадоволници, шарени по многу основи. Кој ти немал среќа во бракот, друг не го бивало в кревет,трет да ти бил интелектуално нереализиран, а имал толку голем капацитет во себе што никој не го препознавал, на четврт вмровец шеф му се погодил, на петиот му пречел соседот и неговата убава куќа итн. И никој од нив ни „под разно“ да не ти верувал дека може да се најде човек, Македонец, барем така се декларирал во пасошот, кој ќе ти смени име, химна, јазик и сѐ што следува. А истиот тој, бар за двојазичност и федерализација, да си мечтаел јавно и со една придружна цел – да им „влезе“ под кожа на Албанците, затоа што друг спас немало. Ниту други податливи гласачи. Па Зоран им се додворил на Албанците, кои во него го препознале побратимот Агим (Зоран и Агим имаат исто ономастичко значење како имиња и означуваат раѓање на денот). Но и тие, како и Македончињата, да не ти препознале дека зад неговата понуда за „ридови и долини“ се крие насушна потреба за власт. Спас. Од друга страна, за нив и делумно оправдано. Па ним, за разлика од првите, им понудил и нешто што потајно си го посакувале, иако реално не им требало. Колку и да ви изгледа недоветен, овој човек излажа добра „бројка“ од припадници на две нации. Ајде што ги надмудри Македонците, но ги прелажа и Албанците, убедувајќи ги дека не им треба подобар живот, туку толку непотребните националистички дребулии.
Да, човекот, очигледно, треба да влезе во историјата и во антологијата на најголемите светски измамници, знаете, тие од типот на Чехот Виктор Лустиг, кој ја продаде Ајфеловата кула во Париз, или Артур Фергусон, кој на заинтересираните туристи им ги продаваше спомениците во Лондон. Знаете, и нив ги спојува една нишка. Најголем дел од измамените не ги ни пријавиле измамите. Од пусти срам. Којзнае како ќе реагираат нашите измамени чеда македонски на Заевите национал-продажни „мајстории“. Со срам или револт, останува да видиме.
Како зборуваше Заев, т.е. како лажеше
„Нашиот Устав е либерален и европски по прашањата на јазиците. Тоа е така. И така ќе остане. Наметнувањето на тоа што реално не постои го прават тие што немаат никаква понуда за граѓаните и тие што се плашат од слободно искажаниот збор“. Така говореше Заев. Ова се неговите зборови искажани на првиот митинг во Прилеп. Со нив почна долгото и, за жал, успешно правдање и убедување дека ВМРО-ДПМНЕ лаже за Берн и за неговата желба со двојазичноста да ги намами Албанците. Абе каква двојазичност, се мајтапеа неговите пулени, Груевски не знаел за што да го фати Заев, па му измислил нов скандал.
Како во Прилеп, како и на стотици други места низ државата, тој лично и неговите во кампањата ги лажеа и убедуваа Македонците дека тој Заев пред нив не е истиот тој Заев од ТВ-екраните, кој јасно зборува за албанофилија , двојазичност и за федерализација. И така, маѓепсникот Заев, потпомогнат од волшепството на „чадорот“ или, подобро кажано, од илузијата создадена од Соросовите медиуми, успеаја да измами и заведе голем дел од граѓаните.
Дел од нив и денес, непомирливо свесни дека се прелажани и измамени, така инаетчиски, сѐ уште не сакаат да признаат дека згрешиле, па велат: „Па што двојазичност, голема работа, денес-утре ќе дојде! Подобро сега отколку утре де, ту,ту, голема работа!“ И си се „перат“ пред себе и другите, само за да ја оправдаат својата доверба во безобразникот што ги пренесе жедни преку вода или глуви и слепи преку Берн.
Да, болното будење на измамените штотуку следува. Веројатно по навика, сега не сакаат да им поверуваат ниту на албанските медиуми, како „Топ ченел“, кои први пренесоа дека Заев во своето писание му гарантира на Ахмети закон со кој ќе се реализира двојазичноста во Македонија. Но не само тоа, зборуваме за ферман од цели 72 страници. Доволно простор за уште многу гаранции за исполнување во целост на безобразната платформа, чијшто родоначалник е токму Заев.
Ама, попусто информацијата. Ако не е на платниот список на Сорос, тогаш ниту „Топ ченел“ не е меродавен за нашинците со шарена проминиенција. Веројатно, и „Топ ченел“ е курирски настроен, исто како „ Хил“, „Гардијан“, „Нешнел ривју“, „Билд“ и ред други, кои пишуваа и кажуваа лошо (т.е. реално) за Заев и за СДСМ. Крадци…
Македонците гласаа за албанизација на државата?
Еден по еден, солиден дел од реалните, наивни и измамени чеда собра сила и си ја призна грешката во лошата процена. Така, се изначитавме задоцнети сведоштва за тоа дека не сакале таква држава, не гласале за таква Македонија, не дале глас за албанизација, си ја сакале татковината… Редици и редици поплаки за изненаденоста од лидерот на СДСМ. Небаре, извиси толкава доверба во Заев. Дадена од интелектуалци, новинари, професори, па дури и сопартијци. Да, реалното прашање е што со тие 350 илјади Македонци што го дадоа својот глас за Заев? Гласаа ли и тие за албанската платформа? Тогаш таа не ни постоеше, основоположник е Заев, а токму нивниот глас ги доведе работата и државата до ова дереџе. И сега? „Шу прајме“ сега, чеда прелажани. Враќање нема, барем до нови избори. Се „отворија“ и другите незадоволници, вечни, ама сега од Заев. Меѓу нив и Софија Куновска, која постави наградно прашање, колкумина од СДСМ знаеле што има во пакетчето испратено во Мала Речица? Незадоволна од исклученста од кандидатските листи, јавно си праша: Во согласност со високите стандарди за демократија, колкумина во СДСМ знаат што има во пакетчето до Мала Речица? Демократијата е моќ на убедување на инакумислечките во исправноста на сопствените идеи. Во спротивно, се добива #НаТаткоИмПартијата. Во СДСМ има прекалени борци, а не непријатели на социјалдемократијата и на татковината.
Останува да ги видиме некогаш на јаве и тие прекалени борци во СДСМ, кои си ја сакале татковината. Така барем тврди избрканата прекалена социјалдемократка, која не заборави да стави комунистички „плукачки“ шмек на нејзината творбата и да дообјасни дека ова не било достапно за споделување од „курирските“ медиуми.
Наградно прашање и до Куновска: Колку „професионални“ медиуми го пренесоа твојот коментар? Најдовме време и проверивме. Ниту еден „професионалец“, Софија, не те пренесе. Дека се многу професионални, нели, во ширењето на илузиите и во извртувањата, а овој став не им одговараше. Настрана, овој пост не им е исплатлив, нема пари во него. Воопшто…
Недоветните во одбрана на антинационалните потези на Заев
За Заева среќа, останаа уште многу подлизурковци што имаат задача ја правдаат секоја негова глупост и грешка, навежбани апаратчици, кои колку што бељата е поголема, толку и пожестоко го „перат“ избербатеното. Така, дента кога на сите, дури и на скептиците што гласаа за СДСМ во уверување дека двојазичноста е лага, им стана јасно дека Заев ја испрати писмената гаранција до Ахмети, Македонија осамна со најпатетичниот наслов, кој, особено во ваква деликатна ситуација, требаше да ги затскрие и оправда лидеровите гревови кон сегашните и идните генерации Македонци.
„Со писмен човек, само написмено!“ Верувале или не, но ова беше насловната страница што требаше да го „исчисти“ Заев преку Геровиот партиски печат. Ајде што поговорката е извртена, нормално за нив, и реално гласи – со неписмен човек само на писмено, но проблемот е уште поголем. Секој тој што го прочита, прво што помисли е дека треба да стои „Со лажгото, само написмено“. Па јасно, не залудно Ахмети бара писмени гаранции од Заев, од истиот тој што за овие три години излажа безброј пати, човек што и покрај потписот, двапати одложи избори. Не потпис и писмена гаранција, Алија е повеќе од свесен дека и така старовремски, со крв, да дадат беса, па и „солена“ банкарска гаранција да остави, како пратениците на ДУИ, со Заев никогаш не е на чисто.
Настрана, Соросовите перјаници со насловот испратија уште една толку карактеристична елитистичка констатација. Демек, Заев бил писмен, нели, како и сите во СДСМ, а другите неписмени, некапени, стока. Затоа му барале писмена гаранција, не дека е лажго.
Уште поголем проблем е што не сфаќаат дека оваа Заева капитулација испратена до ДУИ е само негова, ова е капитулација на врхушката на СДСМ. Со неа нема да се согласи мнозинството во државата, залудни се и лажните анкети на „Телма“, кои требаше да му дадат ветер во едрата на недоветниот лидер и да го исплашат Села да дава отпор за нови избори. Вистината е поинаква. Дури и да добие преодна оценка за писмената задача од наставникот Ахмети (кој сосема случајно е педагог по професија, нели), ученикот Заев за да положи и за да помине „на право“ има уште многу, многу работи да научи за сопствениот народ и држава. Малку историја не е лошо за никого…
Пишува: Љупчо Цветановски(Текст објавен во 233. број на неделникот „Република“, 17.2.2017) Два месеца Заев и врхушката како змија нозете го криеја ставот за албанс