Заев со своите фабрикувани материјали, нема да ги придобие граѓаните

-Изборите за оваа година се закажани уште пред една година, откако СДСМ започна со објавување на креираните материјали за кои што Зоран Заев ми кажа дека му ги дале странски разузнавачки служби. Откако го направи сето тоа што го направи во државата, откако  ја дестабилизира државата тој побара избори, ние се согласивме и во разговор со него и со претставниците олеснувачи од меѓународната заедница, заеднички се договоривме тоа да биде 24 април оваа година, рече Груевски.-Меѓутоа, како времето се наближуваше, така Заев се повеќе сфаќаше дека ја нема подршката од граѓаните што ја очекува. Тој мислеше дека со тие фабрикувани материјали ќе го измами мнозинството од народот и ќе го привлече вниманието кон себе, односно подршката кон себе. За среќа тоа не се случи, луѓето како што одминуваше времето сваќаа дека се дел од една голема игра, една игра во која што Заев е само инструмент кој што ќе постигне одредена  негова лична цел, односно сака да постигне негова одредена лична цел, но дека играта е многу поголема ги свати ја работите и сите јавни   истражувања на јавното мислење покажаа дека работите не одат во правец во кој што Заев а веројатно и неговиот позадински подржувач очекуваа и од тие причини како што се доближуваше периодот за 24 април така се повеќе Заев и СДСМ бараа да дојде до одлагање, рече Груевски.
Поддржани од многу други фактори, нагласи тој, некако се издејствува одлагање а и ние не сакавме сами да одиме на избори во тој период затоа што се издејствува и другите две поголеми партии од четирите големи партии да се откажат од изборите, но постигнавме цврст договор дека тоа повторно нема да се случи и дека ова одлагање од 24 април за 5 јуни ќе биде едно и единствено и токму заради тоа сега само СДСМ е таа со своите помали сателити и партии што не сака да се појави на следните избори.
-Значи кога си во политиката и секаде во животот треба да се бориш да победиш, треба да направиш се што е во твоја моќ во некои рамки што се легални, што се морални и така натаму, етички и слично. Меѓутоа, ако се случи да загубиш исто како и во спортот траба да имаш капацитет да пружиш рака и да кажеш загубив, направив се што можев, ти ја доби подршката одиме понатаму. Тоа го нема господинот Заев, тоа го видовме и во 2014 година веднаш после изборите кога во 19 часот излезе да прогласи дека немало фер избори, затоа што знаеше што го очекува откако ќе се пребројат гласовите, тоа го видовме и во сиот изминат период, тоа го видовме и кога требаше на 24 април да се оди на избори, тоа го гледаме сега откако му прифативме на 5 јуни да бидат изборите наместо на 24 април, значи човекот нема елементарен капацитет за натпревар, за еден чесен, слободен и фер натпревар. Тој во свои блиски кругови, меѓу свои блиски пријатели говорел дека ќе излезе на избори само тогаш кога ќе бил сигурен дека ќе ги доби, рече Груевски.
Тој нагласи дека тоа не е нормално за една демократија, тоа ги руши принципите, тоа ја руши државата.
-Сите ние можеме, кога на пример чувствуваме дека имаме помала подршка да бегаме од избори, но тоа не е начин. Јас се сеќавам во 2004 година, анкетите покажуваа дека пред изборите против кандидатот на господинот Кедев за претседателски кандидат имаше предност. Можев да избегам од изборите, можев да најдам милион причин, да кажам дека нема да учествуваме на изборите, меѓутоа влеговме чесно, влеговме со добри идеи, влеговме со цела наша енергија, сите заеднички да се обидеме да го престигнеме резултатот, тоа ме чинеше многу тоа ме чинеше потоа поделба во партијата, излегување на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.-Меѓутоа, како времето се наближуваше, така Заев се повеќе сфаќаше дека ја нема подршката од граѓаните што ја очекува. Тој мислеше дека со тие фабр

Пронајдете не на следниве мрежи: