Заев уште пред три години ветуваше фабрики, нови работни места, градинки, булевари, А НИШТО НЕ ИСПОЛНИ!

Зоран Заев, градоначалникот на Струмица и лидер на опозицијата во кампањата за локалните избори во 2013 година ветуваше фабрики, нови работни места, градинки, булевари, а засега ништо од тоа нема исполнето.Во прилогот на локалната струмичка телевизија „Телеканал А1“ имаше прилог за ветените, но неостварени проекти во последните два мандати на градоначалникот на Струмица.
– Нови градинки во Куклиш, Дабиле и Просениково се само дел од ветувањата за кои жителите чекаат и по шест години. 30 нови фабрики, три илјади нови работни места, нови булевари и прочистителни станици беа само дел од проектите кои градоначалникот Заев на редовните локални избори во 2013 година ги вети на струмичани. Ова се проекти на Заев за изборната кампања за третиот мандат на Заев кои досега не се реализирани и засега остануваат само визуелизација. Во капиталните проекти се и трите детски градинки кои се ветани, а уште не се реализирани – се вели во прилогот.Во прилогот на локалната струмичка телевизија „Телеканал А1“ имаше прилог за ветените, но неостварени проекти во последните два мандати

Пронајдете не на следниве мрежи: