Заев ветува плата од 500 евра а во неговите фирми работат за едвај 150!

Додека политичарот Заев ветува, бизнисменот Заев  демантира. Платата што им ја исплатуваат фирмите на неговите најблиски роднини на своите вработени не поминува 9.000 денари, односно изнесува околу 150 евра, објави неодамна весникот ДНЕВНИК.При тоа станува збор за просечна плата во фирмите, додека минималната е уште помала. Наспроти ова, политичарот Заев ветува просечна плата од 500 евра.
– Просечна плата од 500 евра, грантови од 10.000 евра за започнување бизнис, бесплатен деловен простор за сите старт ап компании и евтини кредити со еден отсто камата до 15.000 евра, 140 милиони евра директна помош за домашните компании за отворање нови работни места,.. се само дел од програмата на СДСМ.
Прашањето кое се поставува во јавноста е зошто во своите компании не го прави она што го ветува јавно. Од прегледот на исплатени плати во две фирми на блиски роднини на струмичкиот градоначалник стои дека од јануари до ноември 2013 година просечната плата што им се исплаќала на вработените се движи од 8.200 до 9.500 денари. Така, во фирмата „Тргопродукт“, чиј основач е Убавка Заева, а директор Бобан Заев, просечната плата што се исплатувала во јануари 2013 година изнесува 9.605 денари. Во последните три месеци од 2013-та (септември, октомври и ноември) таа во „Тргопромет“ изнесува околу 8.200 денари, т.е. околу 135 евра. Тоа е три и пол пати помалку од минималните 450 евра што ги ветува нејзиниот роднина.
„Тргопромет“, според евиденцијата на Фондот за здравство, има 46 вработени, од нив тројца земаат плата помала и од законскиот минимум за плаќање придонеси.
Втората фирма на роднините на Заев, „Ева стаил“, исто така, не може да се пофали со високи минимални плати за своите вработени како што ветува лидерот на СДСМ само за да дојде на власт. Имено, „Ева стаил“ има 55 вработени. Основач и директор е Славица Заева. Просечната плата што се исплатувала во фирмата во јануари 2013 година изнесува 10.402 денари (165 евра). Во ноември просекот на месечниот надоместок е 9.505 денари (150 евра). Директорката Заева е единствената што би го задоволила стандардот на Заев. Таа зема плата од 53.500 денари (870 евра).
Просечната нето плата за периодот 2006-2016 е зголемена за 63%, бруто платата за 40%
Нето платата во август 2006-та година изнесуваше 13.718 денари, додека десет години подоцна, македонските граѓани имаат значително поголеми примања и истата изнесува 22.294 денари. Дополнително, во 2006-та година многу повеќе од бруто платата одеше за персонален данок  и придонеси, а сега повеќе оди за нето-плата на работникот.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август годинава изнесува 22.294 денари, и во однос на август лани е зголемена за 1,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи, пред сѐ на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво, за 10,1 процент, административни и помошни услужни дејности, за 6,6 проценти и преработувачка индустрија за 4,3 проценти.
Од друга страна, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август годинава изнесувала 32.789 денари.
Колкава беше просечната плата во 2006-та година?
Според податоците на Државниот завод за статистика просечната исплатена нето плата за август 2016 изнесува 22.294 денари.
Само за споредба, според податоците на ДЗС, месечната исплатена нето плата во 2006 изнесувала 13.718 денари. Споредбено во периодот 2006-2016 просечната нето плата е зголемена за 63%.

Исто така ДЗС објави податок дека месечно исплатената бруто плата во август 2016 изнесува 32.789 денари. Во 2006 година вруто-платата изнесувала 23.434 денари според ДЗС. Ова значи дека во периодот 2006-2016 просечната бруто плата е зголемена за 40%.
Дополнително, во месец август 2016-та година само 1,2 отсто од вработените во Македонија не примиле плата, додека во истиот месец пред 10 години, дури 15.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Заев ветува минимална плата од 16.000 денари, а на неговите вработени им дава по 8.000.
Опозицискиот лидер Зоран Заев во предизборната кампања се расфрла со разни ветувања за зголемување на просечната плата во Македониа, иако фактите говорат за тоа колкава беше просечната плата кога СДСМ беше на власт, но и колкава е платата на работниците во фирмите на Заеви.
Заев пред граѓаните сега ветува просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 12.000 денари, која потоа ќе ја зголемел на 16.000 денари.
„Ќе поттикнеме раст на сите плати во Македонија, со што ќе ја покачиме и просечната плата покрај минималната плата. Просечна плата од 30.000 денари е она кон што целиме. Најниската плата прво ќе биде зголемена на 12 илјади денари а ако идната влада не успее до крајот на мандатот да ја зголеми минималната плата на 16 илјади денари, ич да не се појавува следниот пат пред гласачите, вели Заев.
Сепак, наспроти ваквите ветувања, фактите говорат дека просочната плата од 30.000 денари која сега ја најавува лидерот на СДСМ кога неговата апртија била на власт изнесувала нешто повеќе од 13.000 денари. Просечната нето-плата во периодот 2006- 2016 е зголемена за дури 63 отсто, додека просечната бруто плата за 40 отсто.
Дополнително, во 2006-та година многу повеќе од бруто платата одеше за персонален данок  и придонеси, а сега повеќе оди за нето-плата на работникот.
Сите овие податоци покажуваат дека Заев ги потценува луѓето, мислејќи дека ќе поверуваат на секоја лага која е спремен да ја каже во очигледен очај знаејќи дека ќе загуби, очајувајќи за секој глас, макар и добиен на лага.При тоа станува збор за просечна плата во фирмите, додека минималната е уште помала. Наспроти ова, политичарот Заев ветува просечна плата од 500 ев

Пронајдете не на следниве мрежи: