Неизбежниот пораз кој СДСМ и Зоран Заев ќе го доживеат на 11-ти декември, го натера лидерот на СДСМ одново да го активира криминалното подземје во земјава и соседството со цел предизвикување на изборни нерегуларности кои потоа ќе служат како алиби со кое ќе се бара поништување на изборните резултати. На социјалните мрежи кружат и информации дека се спремале лица од Косово со автобуси во недела да дојдат во Македонија и да гласаат за СДСМ.Наки Халими, фотографиран со Заев на фотографијата е добро познат по криминалот со продажба и дистрибуција на наркотици, објави вчера порталот Инфомакс.
Освен Наки Халими, во „екипата“ играчи од подземјето се и голем број на лица со дебели криминални досиеа за слични или потешки кривични дела. Најпознат во низата е Закир Беќири – Чауш кој имаше направено „фабрика за афери“ во која по нарачка на Заев се печатеа лажни патни исправи и други лични документи, кои потоа блиските новинари и медиуми до СДСМ ги употребуваа во измислување на афери.
При претресот на домот на Чаушот, беа пронајдени голема количина на пацири, оружје но и преку 70.000 нелегално прислушувани приватни разговори, за кои се претспотавува дека завршиле на црниот пазар во Македонија, но и во соседството. За најголемиот „купец“ на овие материјали е екс-командантот на УЧК, а актуелен висок офицер во косовските безбедносни сили Кадри Кастрати.
Во последната емисија „Во Центар“ на новинарот и политички аналитичар Васко Ефтов, од недела вечер, Ефтов мошне длабоко ја анализира политичката ситуација во Македонија, улогата на Зоран Заев и неговата поврзаност со албански хулигански структури во Македонија, од кои очекува помош во вид на инциденти, на денот на изборите.
Ефтов потенцира дека СДСМ активно комуницира и има под своја контрола одредени албански банди, кои треба да им донесат албански гласови.
„Сега гледаме зошто таа функција министер на Полицијата беше толку важна за СДСМ, јавна тајна е и сите шпекулации говорат дека господинот Оливер Спасовски или луѓе блиски на Оливер Спасовски одат по албанските села, одат по албанските населби, имат контрола или имат комуникација со тие албански банди, ветуваат се и сешто од кинење или уништување на кривичните пријави против нив до нивно учество и нивна улога во изборните процеси. Се даваат многу пари, се даваат големи ветувања, се смета дека СДСМ ќе атакува на некаде 7% до 9 % албанските гласови. Дали тоа ќе се случи ќе покаже времето, меѓутоа ветувањата се големи, очекувањата се големи, јас се плашам дека тие ветувања кои им се даваат на албанците на крајот можат како бумеранг да му се вратат на СДСМ и даа влеземе во еден доста тензичен политички процес.“
Во текот на емисијата тој дава уште подетален опис на ситуацијата во СДСМ, при што потенцира дека Заев свесно игра на картата на федерализација и дека истиот намерно се сликал во кумановско „Диво Насеље“ ден по загинувањето на полицајците, затоа што му се битни албанските хулигански структури, за да прави инциденти на денот на изборите.
„Погледнете ја оваа фотографија на која е направена на фудбалскиот натпревар на Шкендија и каде што се вее знамето на голема Албанија. Споредете го со онаа селфи на Зоран Заев кое го прави со дел од албанските жители во таа населба „Диво Насеље“ во Куманово и веројатно си го поставувате прашањето почитувани гледачи: Дали на Зоран Заев не му паѓа на памет дека поради тоа губи политички поени кај македонците? Апсолутно му паѓа на памет и немојте да мислите дека не е свесен, за политичките штети кој ги трпи, поради тие свои изјави и тие свои настапи, меѓутоа албанските хулигански структури му се неопходни, му се битни како кислород за да може да прави одредени инциденти на денот на изборите или во тој пост изборен период, како би можел да оствари одреден политички бенефит.“
Дел од медиумите неодамна објавија дека членот на ИО и ЦО на СДСМ, Мухамед Зекири подготвува косовскки криминалци за изборни инциденти. Медиумите уште во септември објавија дека Зекири престојувал на Косово каде се сретнал со лица од криминалното подземје на Косово, а кои поради нивните криминални и насилни активности и се познати и на македонската јавност.
-Во Генерал Јанковиќ Зекири имал средба со косовските државјани Халил Љури, Самиај Ремзи- Мија, Виља Бурим, Шити Нусрет и Шити Емин, сите со дебели криминални досиеја, припадници на криминални екстремни и терористички групации, предизвикувачи на изборни инциденти во повеќе изборни циклуси во Македонија, објавија медиумите.
Зекири е познат по радикалните ставови уште додека глумеше „независен” новинар, злоупотребувајќи ја позицијата и секоја прилика да ја напаѓа полицијата и државата, отворено застанувајќи во одбрана на обвинетите во случаите како „Монструм” и „Планинска бура”. Познати се неговите ставови против Израел за која вели дека е терористичка држава, како и неговата подршка за дивеењето на кејот на Вардар и сквернавењето на споменикот на Цар Душан.Наки Халими, фотографиран со Заев на фотографијата е добро познат по криминалот со продажба и дистрибуција на наркотици, објави вчера порталот Инфо