Порталот „Журнал.нет“, повикувајќи се на вработени во Собранието и очевидци на случувањата во четвртокот, објави дека Заев во Собранието давал наредби „пукајте во ѓубрињата кои влегоа“, мора да им избегаме.-Од очевидци и вработени во Собранието на Република Македонија дознаваме дека непосредно пред влезот на народот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев давал наредби кон обезбедувањето со зборови „пукајте во ѓубрињата кои влегоа”, мислејќи на народот кој испровоциран влезе во Собранието по обидот Талат Џафери да биде избран за претседател на Собранието на целосно нелегитимен начин, пишува „Журнал“.
Дека ова е можна вистина докажува и фактот што навистина неговото обезбедување ги дочека граѓаните со вперено оружје.
Дополнително во изјава на „Телма“, Заев кажува дека тој ја дал наредбата да се пука и да се испровоцира гневот на граѓаните при насилствата во Собранието.
-Службеното лице е полицаецот Аце, не е тој со пиштол на сликата што држи надвор, ќе го препознаат гледачите, но Аце е другото службено лице, тоа се двајца полицајци, официјално обезбедување на поранешниот министер за внатрешни, останаа со Оливер Спасовски. Во еден момент вели јас сум полицаец, ја дига значката, ве молам отстапете дојдовме до животот на пратениците. Ве молам отстапете, ќе пукам, го дигна пиштолот, полицаец сум, предупредувам, ќе пукам. И праша, ќе пукам претседателе, пукнете еднаш во воздух и оп застанаа малку другите, не беа доволно уплашени, тргнаа да му го земат пиштолот, пукам уште еднаш, пукна уште еднаш, двапати, рече Заев.
Во јавноста остана отворено и прашањето дали ќе има одговорност за полицискиот службеник, кој спротивно на процедурите барал совет од Заев дали да употреби огнено оружје во Собранието пред десетици луѓе, ризикувајќи ги нивните животи.
-Од очевидци и вработени во Собранието на Република Македонија дознаваме дека непосредно пред влезот на народот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев давал