Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, повел внатрепартиска кампања за расчистување на актуелната позиција на партијата, која за него била погрешна.
Заев изреволтиран од постапката на Стевче Јакимовски, со која показува дека го надмудрил Заев, бил во интензивна комуникација со претставници на меѓународната заедница, а бил и на разговор со лидерот на партијата.
Заев од Црвенковски барал да престане да купува повеќе време и да направи темелна промена на позициите во опозициската СДСМ и да се откаже од сите ултиматуми за учество на локалните избори.
Тој барал ваквиот став да биде соопштен јавно, а за возврат да побара промена на законите, кои во последен момент ќе бидат причина да учествуваат на локалните избори во март годинава.
Според соопартиците на Заев, тој бил доста нервозен и арогантен. Тој настапил во позиција каде што се грижи за иднината на партијата и нема да дозволи СДСМ да остане во историјата. Воедно, Заев има намери да го наследи лидерот на СДСМ Црвенковски.
Го обвинил лидерот дека во ниту еден момент не успеал да го надмудри Груевски, и побарал од СДСМ јавно да се откаже од некои позиции кои не вродиле плод се со цел да се зачува честа на партијата.
Заев исто така обвинил дека поради лошата политика опозицијата ја изгубила поддршката од станците и поради тоа треба да се признае дека се погрешило и да се започне со нова политика која во иднина ќе вроди плод за опозициската СДСМ.
Според сопартиците, лидерот на СДСМ Црвенковски го потсетил Заев дека и тој учествувал во операцијата за блокирање на буџетот и дека тој и останатите сопартици во партијата уште минатото лето се согласиле со сите превземени чекори.
Одговорот на Заев е што по четири дена од поднесување на кандидатските листи за градоначалници, никој не ги бара, ниту Филе, ниту странските амбасадори, ниту американците.
Изворите на СДСМ велат дека Заев понудил дури две опции, Црвенковски јавно да излезе и да признае дека погрешил и да излезе со нови планови и ставови на СДСМ, или пак Црвенковски да си даде неотповиклива оставка при што сегашното или некое друго раководство да ги повлече сите уцени и да се приклучи на локалните избори.
Наводно Заев на својот лидер му посочил дека доколку тој пропаѓа како политичар не е фер со себе да ја носи и целата партија во бездна.
Црвенковски во таа напната ситуација и разговор го потсетил Заев дека кога тој бил претседател го спасил од затвор за милиони евра вреден криминал и дека без него како кохезивен фактор партијата ќе се подели на повеќе фракции.
На ова Заев остро возвратил дека со исклучивање на важни луѓе од партијата, Црвенковски самиот создал повеќе струи и дека полошо од ова дереџе до која ја довел партијата не може да биде.
Заев рекол дека е задоволен и благодарен за помошта, но не е прифатливо заради некои свои лични штети на лидерот целата партија да е заложник на личните фрустрации и интереси на Црвенковски и дека за се си има граница.
Извор. РепубликаГрадоначалникот на Струмица, Зоран Заев, повел внатрепартиска кампања за расчистување на актуелната позиција на партиј