Вистинска паника и страв владее во опозициските редови по избивањето на аферата со фалсификувани лични карти во кои се вмешани лица од структурите на СДСМ, а за кои лидерот на партијата јавно признава дека се членови на СДСМ.Токму поради оваа афера, Заев се исплаши од отворена Анкетна комисија и јавно сведочење. Иако претходно партискиот портпарол на СДСМ Петре Шилегов во Собранието изјави дека неговиот лидер својата изјава ќе ја дадел јавно, Заев вечерва при гостувањето во „Топ тема“ го услови неговото доаѓање на Анкетната.
На прашањето дали го условува присуството на Анкетната комисија, Заев кратко одговори, “така е“.
-Значи Груевски ќе даде прво изјава пред граѓаните, па ќе дојде Заев да даде, рече опозицискиот лидер и додаде дека така бил редот, власта ќе дала прво, па потоа опозицијата.
Иако претходно се силеше со тврдења дека ќе даде јавна изјава на Анкетната комисија, Заев се исплаши после најновата афера и го условува тоа со јавен настап на премиерот Груевски на Анкетната.
Воедно, Заев во вечерашото интервју воедно призна и дека првоосомничениот од криминалната група од „Фабриката за афери“, Захир Бекири викан Чауш е член на СДСМ.
-Тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам, нема бегање од таа работа, ниту некој се плаши, Јас се гледам со сите луѓе кои што бараат, вели Заев.Токму поради оваа афера, Заев се исплаши од отворена Анкетна комисија и јавно сведочење. Иако претходно партискиот портпарол на СДСМ Петре Шилегов