ЗАЕВИОТ ТУГО-МУКО BRAIN DRAIN

Да не е трагично веројатно ќе беше премногу комично. Човеков навистина се надминува себе си со секој изминат ден. Како му се зголемува меракот да се отвора во јавноста и пред малите екрани, така се посилно сфаќаме дека човеков нема мерка во лупетањето. Секој нов ден му е нов лупус ин фабула. Откровение на бескрајноста во тресењето зелени на јавна сцена. Кога го слушаме со секој нов изблик на човека му доаѓа се подлабоко да пропадне во земја, аман земјо отвори се и проголтај не сите топтан!
 Дали Македонија заслужи ваков расплет? Дали Македонија заслужува вакво „водство“, вакво „лидерство“? Дали Македонија и Македонците навистина немаат поинаква, подобра алтернатива од распењавениот црпнат brain drain премиер? Заслуживме ли навистина ваква „екипа“ од неспособни и изгубени во просторот политичари кои сакајќи да се пофалат дека се многу начитани и учени секојдневно ни ја докажуваат сопствената аналфабетност. Замислете какво смеење предизвикуваат кај Сценаристот и неговите дипломатски слуги? Што се тие се имаат изнаслушано за да ја донесат одлуката дека дефинитивно ова е дното и дека нема подобар кадровски избор за успешноста во спроведувањето на нивното сценарио од одбраното. Сценаристот точно знае што одбрал и зошто одбрал вакви примери. Туку, ние кај сме, ние што правиме. Не е дека не можеме да ги процениме работите и да собереме два и два. Уште помалку дека немаме капацитет да го видиме „капацитетот“ на „водачите“. Ни одговараат ли и нам како на сценаристот вакви лупуси, или од пусти срам имаме дигнато раце. Зошто, како поинаку да се дефинира оваа состојба на невидена, неизмерена политичка глупост, освен како колективна забеганост во ординерната пролупаност на разумот и умот.
Како инаку да се сфатат признанијата на јавна сцена дека, на пример, министерот за финансии кога стапил на оваа исклучително важна функција за државата за прв пат сфатил што е разликата меѓу нето ДДВ, и бруто ДДВ, за прв пат во својот живот видел ребаланс на буџет во свои раце па кутриот на собраниска говорница повеќе личеше на изгубен во тишината отколку на снајден министер кој знае зошто излегол на говорница. Да не одиме понатаму во потсетување на истресоците од мисли на високите репрезенти од владиниот тим за привлекување странски инвестиции.
Читајќи ги мислите на кутрион Шапуриќ од неговата твитер „комуникација со јавноста“ навистина добивате впечаток дека нашиве политичари не се од тука.Уредно напишана, или уште помалку уредно срочена просто-проширена реченица им е навистина голема, породилна мака. Греота за земјава и за граѓаните што се држи и што се трпи(ме).
Да се вратиме на високо интелектуалната просветлена премиерска мисла дека за договорот за добрососедство со Бугарија пратениците од власта и од опозицијата влегле во вистински brain drain mode. Епилогот на оваа состојба веројатно уште од моментот на искажаното резултира со вистинска бежанија на успешните и квалитетни кадри од земјава кои заедно со оние над 600.000 македонски граѓани кои,нели, според проценката на власта во времето кога беше во опозиција веќе се иселени од државата заради Груевски, ќе го срушат рекордот на колективната бежанија. Заев само годозабрзува процесот на  бежанијата. Откако за уште некој месец ќе го дозаокружи започнатиот процес на велепредавство на македонските национални интереси, потоаќе може на раат да пишува мемоари за brain drain Македонија. Како што фуриозно кинисал да става се на тезга, буквално се што ќе му стигне при рака за многу брзо време ќе може да се пофали дека го заокружил романот за Македонската brain drain сага. Во мемоарите што ќе ги пишува во прво лице еднина нема да смее да заборави уште еднаш да не потсети како дошол во политиката, зошто и кој го црпнал, и како ја завршил мисијата поради која е ставен таму кај што е ставен.
Уште само неколку месеци не делат до комплетното финале на проектот „Brain drain Македонија“. Или ќе го доодмолчиме финалето како што славно си почнавме и ќе се слееме како еден во реката на апатијата и пасивноста, или ќе го преземеме проектот во наши раце и енергично ќе тргнеме во „походот“ Brain Drain на Црпнатите!Дали Македонија заслужи ваков расплет? Дали Македонија заслужува вакво „водство“, вакво „лидерство“? Дали Македонија и Маке

Пронајдете не на следниве мрежи: