Пратениците кои вчера се обидоа да направат државен удар, очигледно биле добро вооружени и спремни да предизвикаат општа војна со народот во МакедонијаНародот кој влета во просториите на Собранието, најнапред беше револтирано, но во ниту еден случај насилно. Имено, насобраните влегоа во пленарната сала, ја завземаа и пееја патриотски песни, а организаторите апелираа да нема деструкција и материјални штети, ниту насилство.
Проблемот се случи кога Заев одлучи да отвори војна со Македонскиот народ.
Исплашен од отчетот кој му го бараа граѓаните, тој му нареди на неговото обезбедување да го извлече пиштолот, и ако треба да пука.
Тоа и се случи. Обезбедувањето пукаше во народот, а тоа предизвика ескалација.
Но, по се изгледа дека Заевистичките сепаратисти биле спремни и со посериозни средства да убиваат народ и да пукаат.
Кај еден од пратениците на Заев и албанските партии, се гледа предмет кој го држи во раката, а кој наликува на рачна граната. Јасно се гледа и како пратеникот се консултира на неговиот телефон за тоа како понатаму да настапи, по што ја извади гранатата од џебот на сакото. Веднаш позади пратеникот за кој сеуште не е утврден идентитетот, стои Талат Џафери.Народот кој влета во просториите на Собранието, најнапред беше револтирано, но во ниту еден случај насилно. Имено, насобраните влегоа во пленарната