Загадувањето над нормалата во Виница, Берово и Колани

Квалитетот на амбиенталниот воздух во општините од крајниот исток, сепак, не е јака страна. Мерења на амбиенталниот воздух во зимскиот период покажале дека има надминувања на концентрацијата на ПМ 10 честичките, најмногу во Виница, Берово и Кочани.Споредено и со мерните единици од станицата во Кочани, може да се каже дека во летниот период нема загадување на воздухот, а во зимскиот има отстапувања во неколку градови, изјави Јулијана Димцова, инж.технолог.
Овие резултати се дел од проектот „Заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија в прекуграничниот регион” кој изминативе 15 месеци го работеа НВО Амброзија од Пехчево и Кластерот на обновливи извори на енергија од Благоевград. Во рамките на проектот е подготвен и заеднички документ за нискојаглеродна политика во прекуграничниот регион.
Изготвен е заедники документ за нискојаглеродна политика во регионот и ќе се воспостави прекугранична мрежа , рече Јасминка Пашалиска Андоновска од НВО Амброзија.
 Документот предвидува и соодветни мерки, кои треба и да ја подигнат јавната свест на граѓаните.
Мерките и препораките треба да бидат имплементирани од општините, бизнис секторот и слично, појасни Пашалиска Андоновска.
Резултатите од првите мерења на амбиенталниот воздух во 4-те општини, остануваат предизвик и за новата локална власт.
Споредено и со мерните единици од станицата во Кочани, може да се каже дека во летниот период нема загадување на воздухот, а во зимскиот има отстап

Пронајдете не на следниве мрежи: