Еднаш во годината, во јануари, од 2012 година на интернет се појавува чудна онлајн игра форма на мозаик, иницирана од тн. организација „3301“.Симболот на анонимната организација е цикадата. Загатките вклучуваат елементи од криптографија, математика, литература, скриени пораки, безбедност на податоци, како и филозофија.
Тие се појавуваат на различни места во Полска, Хаваи, Шпанија, Австралија и Кореја, а 3301 тврдат дека трагаат „најинтелигентните индивидуи“.
Од организацијата сепак не откриваат зошто. За да ја откријат тајната на „Цикада“, компјутерските генијалци би требало да ги користат своите познавања како по криптографија, така и по историја, литература и дури биологија.
Авторите на шифрата користеле симболи и цитати од дела како што е древниот келтски ракопис „Мабиногион“, книгата „Либералите ал вер легис“ на мистикот Алистер Кроули, Стариот Завет и „Дамата од Шалот“ на Џон Вилијам Вотерхаус.
Многумина веруваат дека овие речиси невозможни за решавање загатки се средство за регрутирање на кадри од организации како ЦИА или МИ6.
Потеклото на оваа чудна шифра и „играта“ околу неа, сепак продолжува да тоне во мистерија.Симболот на анонимната организација е цикадата. Загатките вклучуваат елементи од криптографија, математика, литература, скриени пораки, безбедност