Загина пратеничката Нада Бодрожиќ, мајката на Ивана Бодрожиќ

Поранешната пратеничка во војводинскиот парламент Нада Бодрожиќ (54) почина во сообраќајна несреќа.Несреќата се случила на патот Сириг-Нови Сад, а според информациите на српските медиуми Нада управувала со возилото со кое излетала од патот.
-Загина во сообраќајна несреќа, изјавил нејзиниот адвокат Милан Давиќ.
Се претпоставува дека таа управувала со своето возило, но причините за несреќата се испитуваат. Таа требаше на 16 март да присуствува на судењето во процесот за смртта на нејзината ќерка.
Српските медиуми пишуваат дека Нада вчера, како и секоја недела, била на гробот на нејзината ќерка во Сириг, па отишла на ручек кај пријатели по што заминала дома за Нови Сад. Таа починала на лице место вчера, а нејзиното тело било пронајдено рано утринава.
Бодрожиќ беше пратеничка од Демократската партија во минатиот состав на парламентот, но и мајка на трагично починатата Ивана која во 2014 година беше пронајдена мртва во „Хајат“. Официјалната истрага утврди дека во нејзината крв имало кокаин и анестетик пропофол, но нејзината мајка повеќе пати во медиумите тврдеше дека таа не се самоубила, како и дека била во врска со сопственикот на „Пинк“ Жељко Митровиќ.Несреќата се случила на патот Сириг-Нови Сад, а според информациите на српските медиуми Нада управувала со возилото со кое излетала од патот.

Пронајдете не на следниве мрежи: