Дваесет и осум годишната Марија М. од Скопје го загуби животот синоќа околу половина час по полноќ во сообраќајна несреќа на автопатот Велес-Скопје пред населбата Отовица.Од МВР денес информираат дека сообраќајната несреќа се случила во момент кога П.М. (55) од Скопје, управувајќи „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонскиот sид на мостот и се превртел.
-Во незгодата сопатничката Марија од здобиените повреди починала на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М. (52), која заедно со П.М., со возило на Итна помош биле пренесени во Клиничка болница Велес. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес, стои во полицискиот билтен.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција, а поради незгодата патниот правец клучка Велес-нас.Отовица бил во целосен прекин во периодот од 01.40 до 04.00 часот.Од МВР денес информираат дека сообраќајната несреќа се случила во момент кога П.М. (55) од Скопје, управувајќи „Цитроен“ со скопски рег