Две лица загинаа кога се сруши хеликоптер на западот на Чешка, соопшти полицијата во таа земја.Портпаролот на регионалната противпожарна служба Стефан Ливинг, истакна дека двете загинати лица биле и единствените во хеликоптерот, пренесе АП.
Портпаролката на полицијата Хана Стефлова изјави дека хеликоптерот паднал околу 15:30 часот по локално време во близина на селото Казнејов, кое е на 100 километри од Прага.
Двете жртви се од машки пол, но сѐ уште не се идентификувани.
Официјалните лица велат дека во моментов не се познати други детали за несреќата.Портпаролот на регионалната противпожарна служба Стефан Ливинг, истакна дека двете загинати лица биле и единствените во хеликоптерот, пренесе АП.