Загинаа тројца навивачи од БиХ враќајки се од фудбалскиот натпревар во Литванија

Рано изутрината во сообраќајка во полскиот град Ломжа (град оддалечен 150 километри Варшава), загинаа тројца навивачи на репрезентацијата на Босна и Херцеговин.Повреден е еден навивач и е сместен во болницата во полскиот град, јавува Полското радио.
Според неофицијалните информации на босанските медиуми, автомобилот „рено меган” со којшто се враќале навивачите од фудбалскиот натпревар на нивната репрезентација со литванската репрезентација во градот Каунас, се судрил со камион.
Четворица млади момчиња се нашле во камионот, а само еден преживеал и е сместен во болница.
Во сообраќајката настрадале момчиња на возраст од 23,25 и 27 години додека повредениот  е на возраст од 26 години. Босанската репрезентација синоќа ги победи Литванците и се избори за пласман на Мундијалот во Бразил.Повреден е еден навивач и е сместен во болницата во полскиот град, јавува Полското радио.

Пронајдете не на следниве мрежи: