Загревање со дневна журка и дочек на Новата Година во Дистрикт бар и ресторан

 Дистрикт бар и ресторан во Скопје Мериот Хотел организира дневна предновогодишна забава со посебна програма, како и главна забава за дочек на Новата 2017 Година.Вистинското загревање за вечерниот дочек на Новата Година започнува со енергична дневна журка. Со уште повеќе енергија, а сè поблиску до Новата Година, дневната забава започнува во 12 часот и ќе трае до 18 часот. Низ музичкото разигрување, во предновогодишната еуфорија, со бесплатен влез, ќе ве водат прво DJ Фичо, а потоа бенд и Јоцо – Бамбус.
Магичната вечер и платен дочек на Новата Година во Дистрикт бар и ресторан, започнува во 22 часот со музиката на бендот Контраплан, кои гостите ќе ги забавуваат до половина час по полноќ. Додека пак журката ќе продолжи до 2 часот и 30 минути со спектакуларните EYE CUE.
Со резервација за вечерниот дочек пијалаците се неограничени, а храната во форма на апетисани, закуски и канапеи ќе биде по принципот на бифе послужување.
Дистрикт бар и ресторан ветува волшебни мигови на дневната и вечерната журка на 31 декември
За вечерната забава потребни се навремени резервации на телефонскиот број 02 510 2535.
Скопје Мериот за своите гости на првата заедничка, новогодишна ноќ нуди дополнителни поволности и промотивни цени. Со вашиот билет добивате специјални цени за сместување во Скопје Мериот Хотел.
 Вистинското загревање за вечерниот дочек на Новата Година започнува со енергична дневна журка. Со уште повеќе енергија, а сè побли

Пронајдете не на следниве мрежи: