Ова 9-месечно бебе, се здобило со изгореници од втор степен, само поради детски базен.Откако нејзиното 9-месечно бебе, се здобило со тешки изгореници, од вода од градинарскоцрево минатиот месец, мајката од Аризона, сака да ги рпедупреди родителите за опасностите од користење на црево кое било изложено на сонце подолго време.
Доминик Вуџер, го полнела базенот на своето синче, кога тој дошол во контакт со врелата вода, по што се здобило со изгореници од втор степен, на третина од неговото тело.
„Страшно беше“, изјавила Вуџер. „Цела кожа му се лупеше. Имаше плускавци насекаде на десната страна.“
Додека докторите очекуваат детето целосно да закрепне, инцидентот помогнал за да послужи како предупредување, дека многу луѓе не се свесни за оваа опасност. Доректорката на центарот за изгореници во Аризона предупредила дека водата која стои во цревата изложени на сонце во лето, може да достигне до 80 степени, „исто како топло кафе.“ Може веднаш да ја изгори кожата, особено е опасно за нежната детска кожа.
„Бидете внимателни“, продолжила Вуџер. „Проверете ја водата пред да им дозволите на децата да си играат.“Откако нејзиното 9-месечно бебе, се здобило со тешки изгореници, од вода од градинарскоцрево минатиот месец, мајката од Аризона, сака да ги рпедупр