Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека македонската опозиција се подготвува за нова обоена револуција, поттикната од надворешни фактори, пренесе МИА.Зборувајќи на прес конференција Захарова рече дека американски дипломати биле вмешани во неодамнешните протести во Србија, со користење на „мала агресивна група граѓани платени од надвор”, и додаде дека продолжуваат обидите да се организираат нови вакви протести во Македонија.
„Се подготвува терен за нова обоена револуција, овојпат во Македонија. Констатираме дека праксата на мешање во внатрешните работи на државите е длабоко вкоренета на Балканот“, изјави Захарова, која посочи на опозициските протести против претседателот Иванов и Владата како вовед во нова „револуција“.
Од почетокот на објавувањето на снимките од страна на СДСМ, официјална Москва повеќе пати реагираше со оценки дека се работи за проект организиран и финансиран од надвор, со цел да се смени македонската Влада.Зборувајќи на прес конференција Захарова рече дека американски дипломати биле вмешани во неодамнешните протести во Србија, со користење на „м