Закана до српскиот премиер: „Ќе ви ги убијам децата“!

Момче во вторникот се јавило во полиција и се заканило дека ќе ги убие децата на српскиот премиер Ивица Дачиќ. Откако го доби овој повик, полицијата интензивно бара по момчето кое се закани дека ќе ги убие децата на српскиот премиер. 
Идентитетот на момчето е веќе познат, но сепак тој се уште не е достапен од полицијата. 
Младичот е на 26 годишна возраст и од мобилен телефон се јавил на дежурниот број на полицијата и ладнокрвно рекол дека наскоро ќе ги убие синот и ќерката на Дачиќ.
Заканата по животот на децата на премиерот е сериозно сфатена и надлежните служби ги превземаат потребните безбедносни мерки.

 
Насилникот кој се заканил со атентат е идентификуван, но се испоставило дека адресата на која е пријавен е лажна.
Постојат тврдења дека тој е од околината на Чачак и дека синоќа се наоѓал во Крагуевац, а познато е дека сменил и десетици СИМ картички во својот мобилен телефон, за да не биде лоциран и да успее да се скрие од пронаоѓање преку ГПС уредот.
 
Дачиќ вчера изјави дека е известен за постоењето на закани по животот на неговото семејство, но не обрнува внимание на тоа.
 
„Дали е сериозно не знам, не е мое да се грижам за тоа. Сигурно дека сум загрижен за семејството, но генерално никогаш не сум обрнувал внимание на такво нешто и така ќе биде во иднина“, изјавил Дачиќ.
 Откако го доби овој повик, полицијата интензивно бара по момчето кое се закани дека ќе ги убие децата на српскиот премиер. 
Идентитето

Пронајдете не на следниве мрежи: