Телеканал А1 известува за еден инцидент кој претставува продолжување на заканите како форма за притисок врз медиумите.Нивните безбедносни камери открија дека ноќеска околу 23 часот одредено лице му предава нешто на друго лице, кое користи моторизирано возило.
Лицето потоа доаѓа на предната врата на телевизијата, каде што од камерите се гледа, дека се симнува од моторизираното возило, се доближува до вратата каде, на решетката, го остава писмото.
-За некоја недела ќе видите што ќе ви се случи… ни ги затворивте сите медиуми кои беа реални, гласи текстот во писмото СО ЗАКАНИ оставено ноќеска на вратата на Телеканал А1.
Анонимниот бара, враќање на наводни пари, со закана, да знаете тек што ве чека.
Телеканал А1 случајот, заедно со снимките од камерите ги достави до СВР Струмица, од каде што очекуваме итно расчистување на нарачателот и извршителот на заканите.
Ова не е првпат до редакцијата да пристигнуваат закани во пишана или елетронска форма, за што полициијата секогаш е навремено информирана.
И покрај притисоците и заканите како редакција остануваме на својот став за независност.Нивните безбедносни камери открија дека ноќеска околу 23 часот одредено лице му предава нешто на друго лице, кое користи моторизирано возило.