Три лица загинаа со молотов коктел врз куќа во Париз, а познатата атракција во градот, Ајфеловата кула беше евакуирана поради закани за подметната бомба.
Анонимен јавувач се заканил дека во кулата е поставена бомба, информираше париската полицијата. Околу 1.400 туристи ја следеле објавата на безбедносните служби да се оддалечат од кулата. Потоа париската полиција ја пребарала Ајфеловата кула со кучиња-трагачи, но никакви експлозивни направи не биле пронајдени, по што туристичката атракција била повторно отворена.
Француските власти во последните недели ги зголемија своите антитерористички мерки, по заканите добиени поради француската воена кампања против борците во Мали поврзани со Ал Каеда, а која започна пред повеќе од два месеца.
Три лица загинаа со молотов коктел врз куќа во Париз, а познатата атракција во градот, Ајфеловата кула беше евакуирана
Пронајдете не на следниве мрежи: