Закажано судењето на дадилката монструм која малтретираше болна бабаСудењето на оваа дадилка монструм е закажано за 12 јануари 2016 година
Во март 2015, Б.В., син на оштетената, усмено се договорил со пријавената да се грижи и да ја чува неговата 84-годишна мајка Н.В. која е тешко подвижна и болна од Паркинсонова болест и деменција, за сметка на што, без надомест би и овозможил да живее со мајка му и да се грижи за сите нејзини финансиски потреби, бидејќи немала сопствен дом и средства за егзистенција.
На 21-ви декември 2015 околу 00:30 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“, Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал како пријавената физички ја малтретирала мајка му, удирајќи ја со рацете по главата и телото, тегнејќи ја за коса и туркајќи ја на креветот. Се симнал на долниот кат и ја спречил понатаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал од нивниот дом.
Јелица М. во повеќе наврати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената.Судењето на оваа дадилка монструм е закажано за 12 јануари 2016 година
Во март 2015, Б.В., син на оштетената, усмено се договорил со пријав