На својата традиционална F8 конференција која е наменета за програмерите и дизајнерите од сите видови, Фејсбук ги претстави новитетите кои наскоро ќе се појават на популарната социјална мрежа.Најголемиот новитет на конференцијата беше унапредувањето на Facebook Messenger-от. Компанијата одлучи оваа платформа да ја „отвори“ за програмерите, за да можат тие да додадат нови апликации. Во превод, отсега било која апликација може да биде поврзана со оваа платформа, што ќе им овозможи на корисниците при комуникација да користат гиф анимации, видеа, елементи од други апликации и сите останати додатоци.
На конференцијата беше претставен и Messenger Business, платформа која ќе овозможи директна комуникација на Фејсбук за сите компании кои ќе одлучат да ја искористат оваа можност.
Сопствениците на веб сајтови наскоро ќе можат да ги вградуваат објавените видео записи на социјалната мрежа на своите страници, што досега не беше можно.
Исто така, наскоро на нашите ѕидови ќе можеме да гледаме видеа снимени во 360 степени, што на програмерите им отвора голем број можности и креирање апликации кои влегуваат во сферата на виртуелната реалност.
Промени во системот на коментирање
Сопствениците на веб страници кои го користат системот за коментирање преку Фејсбук, отсега нема да мора да се мачат да ги „обединат“ тие коментари со оние кои веќе постојат на објавите на социјалната мрежа. Отсега, коментарите ќе бидат автоматски обединети.
Останати промени
Програмерите кои ги развиваат апликациите за Фејсбук, ќе можат да имаат пристап до една нова компонента – Analytics for Apps. Оваа алатка ќе овозможи детален увид во податоците кои ги користат нивните апликации.
Компанијата го претстави и новиот SDK – низа развојни алатки кои на девелоперите ќе им овозможат да ги развиваат компонентите на социјалната мрежа на уредите како што се фрижидерите, паметните куќи, автомобилите и сл.
Фејсбук зема нов замав и ќе биде навистина интересно да видиме како индустријата ќе го искористи сето она што го нудат претставниците на оваа социјална мрежа.Најголемиот новитет на конференцијата беше унапредувањето на Facebook Messenger-от. Компанијата одлучи оваа платформа да ја „отвори&l